ВИДЕО: Норвешки робот ги врши дозадните домашни обврски

- Advertisement -

Норвешка компанија објави видео на кое се гледа големиот напредок во автономијата на хуманоидните роботи. Имено, норвешкиот производител на хуманоидни роботи 1X во соработка со американската компанија Figure работи на хуманоидни роботи за општа намена, кои можат да соработуваат со луѓето како помошни работници, но и да ги заменат при вршењето на некои од најдосадните домашни обврски.

Кој не би сакал некој да му ја чисти куќата, да му ги средува алиштата, да ги мие чиниите или да врши безброј други досадни обврски. Сега од 1X ни покажаа како ги развиваат роботите и како обучиле бихејвиористички AI модел кој роботите ќе ги претвори во домашни помошници.

- Advertisement -

Нивните роботи сега можат да вршат многу обврски самостојно, како што можете да видите и од видеото во прилог. Покрај тоа, роботите имаат и среќно и намсеано лице и одговараат на команди на луѓето, па може да ви донесат нешто или да направат што ќе им кажете.

Од 1Х сакаат нивните роботи сами да учат нови вештини без посебно програмирање, односно да учат од луѓето кои ќе им ги покажуваат сите задачи.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -