Компанијата на Илон Маск за мозочни чипови Neuralink пред некое време покажа дека нивниот прв пациент со вграден чип може да го поместува курсорот на компјутерот со помош на чипот, а сега во деветминутен видепренос во живо на Twitter, Ноланд Арбо, го користи курсорот за да игра шах на интернет. Арбо останал парализиран од рамената надолу после незгода за време на нуркање и во јануари годинава му беше вграден чипот.
Целта на компанијата на Маск е да го поврзе човечкиот мозок со компјутер за полесно да се фати во костец со сложените невролошки состојби. Арбо после презентацијата рекол дека играњето шах со мислите било многу лесно.
Тој додава и дека го користел мозочниот чип и за играње на видеоиграта Civilization VI. Neuralink му дал способност повторно да игра и затоа играл осум часа без прекин. Меѓутоа, Арбо вели дека новата технологија не е совршена и дека наишле на некои проблеми.
Уредот на Neuralinк, кој е голем колку монета од една фунта, е ставен во черепот, со микроскопски жици кои може да ја отчитаат активноста на невроните и да ја претворат во безжичен сигнал на приемна единица.
Компанијата, исто така, направи испитувања на свињи и тврди дека мајмуни можат да ја играат основната верзија на видеоиграта Pong. Neuralink доби дозвола од Управата за храна и лекови да го тестира чипот на луѓе во мај 2023 година.
(Klix.ba)
(фото: YouTube)