Правете залихи на чоколадо – какаото значително поскапува поради климатските промени

- Advertisement -

Кога зборуваме за опасните последици од климатските промени како што се сушите и поплавите, никогаш не се споменува нивното влијание на производството на за многумина најслаткото задоволство – чоколадото.

Група истражувачи од World Weather Attribution, со седиште во Кралскиот коле во Лондон, направи истражување кое е фокусирано на влијанието на климатските промени на производството на чоколадо.

- Advertisement -

Најголем дел од производството на какао се прави во Западна Африка, каде што има тешки суши од февруари годинава, а температурите се искачија далеку над 40 степени и ги срушија рекордите во земји како Брегот на Слоновата коска и Гана.

Таквиот топлотен бран ги уништи посевите и многу ги намали приносите, а поради недостигот на какао, цените неделава се искачија на над 8.500 долари по тон какао.

- Advertisement -

Студијата на британските научници открива дека Западна Африка секои две години ќе има слични топлотни бранови ако не ја намалиме употребата на фосилни горива.

„Климатските промени поттикнати од користењето фосилни горива се повеќе го засилуваат овој природен предизвик во многу региони. Поттикнуваат екстремни временски услови, ги уништуаат жетвите и ги зголемуваат трошоците за храна за сите” велат научниците и додаваат дека сушите не се единствениот фактор кој влијае на одгледувачите на какао затоа што Брегот на Слоновата коска и Гана се погодени и од интензивни дождови.

- Advertisement -

Влажните и топли услови овозможуваат развој на габични инфекции, поради кои зрната какао скапуваат на дрвјата. Резултат на овие екстремни услови е трипати повисока цена на какаото годинава во споредба со истиот период минатата година и дупло повисока цена само во последните три месеци.

Најголемиот товар од овие флуктуации го чувствуваат фармерите кои одгледуваат какао и проценуваат дека има околу 2 милиони мали земјоделци во западноафиканскиот појас на какао кои зависат од оваа работно интензивна култура.

За сите љубители на чоколадо ова е најлошата последица на климатските промени.

(Vidi.hr)

(фото: Pick Pik)

Сподели!
- Advertisement -