Mинатонеделниот Саем на мебел го посетија 15.000 посетители

- Advertisement -

Саемот на мебел 2024 година се одржа минатата недела, од 20 до 24 март во комплексот „Борис Трајковски“ и повеќе од 15.000 посетители беа дел од оваа саемска манифестација.

Бројот на посетители покажува дека македонската јавност поддржува вакви манифестации и сака да ги искористи сите поволности што ги нуди Саемот.

- Advertisement -

Оваа година, Саем на мебел на секој посетител му овозможи поинакво саемско искуство, со голем број изложувачи, со над 70 различни брендови, а освен богата понуда имаше и одлични попусти.

Комерцијална банка АД Скопје и оваа година беше партнер на Саемот и на купувачите им обезбеди брз и едноставен начин на купување, односно на нивниот штанд ја претставија нивната поволна понуда на кредитни производи и картички, а тоа предизвика посебен интерес и задоволство кај посетителите.

- Advertisement -

Организаторите на Саем на мебел 2024 го оценуваат ова саемско издание за успешно, затоа што 15.000 посетители имаа можност  да го освежат својот дом со квалитетен и уникатен мебел и ги искористија саемските попусти. 

Сподели!
- Advertisement -