Една од најинтересните опции на последните топ модели на Samsung од серијата S24 е Galaxy AI, односно опциите базирани на вештачка интелигенција. Од јужнокорејската компанија претходно најавија дека таа опција сакаат да ја прошират на некои други постари модели на Galaxy уреди, а неделава конечно дознавме и официјални информации кога ќесе случи тоа и коиуреди ќе добијат пристап до нивните AI опции.
Веќе од утре, 28 март, со надградбата One UI 6.1, AI алатките на Samsung ќе бидат достапни на паметните телефони од серијата Galaxy S23, вклучувајќи го и моделот S23 FE, а потоа на моделите со флексибилни екрани Galaxy Z Flip 5 и Z Fold 5, а вештачката интелигенција стигнува и на еден таблет на Samsung, моделот Tab S9.
Galaxy AI носи различни опции, но најинтересна е „Сircle to search with Google“, односно „заокружи за пребарување“. Корисниците на кои им е достапна оваа функција ќе можат да заокружат или да обележат некој објект на екранот, односно она што ги интересра и да изберат посебно копче, после што ќе се отвори прозорец со резултати поврани со она што го заокружиле.
Освен заокружувањето за пребарување, вештачката интелигенција на Samsung ќе овозможи и сумирање на текст и гласовни снимки, како и манипулација со објекти на фотографии и генеративни позадини. Исто така, на наведените модели на Samsung сега ќе има и превод во живо, така што додека разговараат со некоја личност на друг јазик AI автоматски ќе го преведува она зашто зборуваат.
(PC Mag)
(фото: Samsung)