Xiaomi го лансира првиот електричен автомобил, поевтин од Tesla

- Advertisement -

Кинескиот производител на паметни телефони, електронскиот гигант Xaomi се спрема да го лансира своето прво електрично возило и од денес почнува да прима нарачки. Генералниот директор на компанијата, Леи Џун, неделава изјави дека моделот SU7 (Speed Ultra 7) ќе чини помалку од 500.000 јунаи (69.000 долари). Со тоа кинескиот гигант ќе влезе во конкуренција со компании како Tesla и BID, пренесува BBC.

Влезот на Xaomi на пазарот за електрични возила се случува во време кога забави растот на продажбата на светско ниво, па оттука и цената на автомобилот. Компанијата се надева дека оперативниот систем на возилата SU7, чиј дизајн потсетува на луксузен спортски автомобил, ќе им биде привлечен на купувачите како што се привлечни паметните телефони, лаптопите и другите уреди. Дизајнот на возилото потсетува на луксузен спортски автомобил.

- Advertisement -

Xiaomi е третиот најголем производител на паметни телефони во светот, со удел од 12% на пазарот, според компанијата за истражување Соunterpoint.

Возилото SU7, кое Xiaomi го тестираше минатата година, се споредува со моделите Taykan и Panamera на Porsche. Се произведува во погонот на државниот производител на автомобили Grоup BAIC во Пекинг, каде што може да се произведат 200.000 возила годишно.

- Advertisement -

Xaomi соопшти дека ќе инвестира 10 милијарди долари во своето производство на автомобили во текот на наредните десет години.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Xiaomi)

Сподели!
- Advertisement -