„Математика за матура“ – бесплатен курс за матурантите

- Advertisement -

Бесплатен ресурс за матурантите што ќе полагаат математика на државната матура подготви првиот практичен ИТ-факултет Бреинстер Некст колеџ.

- Advertisement -

Онлајн курсот „Математика за матура“ кој е поставен на нивниот „Јутјуб“ канал е директна поддршка за сите матуранти на кои им е потребна помош за добро да се подготват за претстојното полагање на овој предмет на државната матура.

Курсот содржи 92 видеа, односно 7 и пол часа снимен материјал поделен во пет области со кои матурантите ќе може да ги извежбаат типот на задачите што во изминатите години биле дел од тестовите на матурата.

- Advertisement -

Александар Клашниновски, генерален менаџер на Бреинстер Некст колеџ вели дека целта на овој курс е како образовна институција да вратат назад на еден од најбитните сегменти на општеството. Тоа се средношколците и нивните професори со цел да можат што подобро да се подготват не само за матурата туку и за нивното идно академско патување во делот на СТЕМ науките.

„Ние веруваме дека квалитетно образование треба и мора да биде достапно за сите. Затоа, овој бесплатен курс е само еден мал чекор во таа насока, заедно со нашата главна финансика поволност „Студирај сега, плаќај по дипломирање и вработување”, што ја организираме веќе трета година и планираме да ја продолжиме и во следните години“, вели Клашниновски.

- Advertisement -

Петар Јолаковски, предавач на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) и помлад истражувач во Центарот за компјутерски науки и информатички технологии во МАНУ, во секое од видеата практично покажува како треба да се решаваат задачите што се дел од тестирањето по овој предмет. Јолакоски потенцира дека овој курс не претставува замена за целосно и детално спремање на учениците, но дека може многу да им помогне. Опфатени се типовите на задачи што се паѓаат на матурата кои може да им послужат како вреден ресурс.

„Курсот ќе им помогне на учениците при решавање на конкретен вид задачи од тестовите од државна матура по предметот математика. Опфатени се повеќе од 90 задачи од пет области: Математичка логика и множества, Реални и комплексни броеви, Алгебра, Геометрија и Тригонометрија. Тој е наменет за комплементирање на учењето на сите оние кои веќе се спремаат за државна матура и треба да го користат како дополнителна помош во процесот на учење“, вели Јолакоски.

Курсот е поставен на „Јутјуб“ каналот на факултетот и може да се пристапи на следниот ЛИНК

Сподели!
- Advertisement -