Шкотска сака да ја ангажира НАСА во потрага по чудовиштето од Лох Нес

- Advertisement -

Легендарното чудовиште од Лох Нес одамна ја буди фантазијата на многумина луѓе од светот, а сега се трага по тоа мистериозно суштество и се интензивира потрагата со користење на напредна технологија во ловот.

Центарот Лох Нес, сместен во шкотските шуми, се обратил до НАСА за помош во потрагата по недостижното суштество. Експертите од НАСА треба да искористат некоја од нивните напредни технологии за снимањеи скенирање на езерото, велат од центарот.

- Advertisement -

Потрагата ќе се совпаде со 90-тата годишнина од пионерската експедиција на Едвард Маунтин, која беше првото организирано површинско истражување на езерото Лох Нес. Од инаугуралната експедиција која се одржала во 1934 година, над 1.156 пати е запишано во официјалниот регистар дека некој го видел чудовиштето.

Минатата година центарот Лох Нес соработувал со Loch Ness Exploration (LNE) и ангажирал стотина волонтери во сеопфатната потрага по легендарниот Неси. Од центарот Лох Нес велат дека минатата година го привлекле вниманието на целиот свет со една од најголемите потраги по Неси во историјата.

- Advertisement -

(Daily Mail)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -