Предвидувањата дека влијанието на климатските промени, поттикнато од емисијата на CO2, значително ќе го намали глобалниот БДП за отприлика 38 милијарди долари до 2050 година, без оглед на агресивните напори за намалување на емисијата на јаглерод, открива ново истражување.
Студијата за тоа е објавена во списанието Nature, а ја нагласува итноста на намалувањето на емисјата на стакленички гасови за да се ублажи понатамошната економска девастација, која се предвидува од средината на овој век. Бидејќи Земјата веќе забележа пораст на површината температура од 1,2°C, последиците вбклучуваат почести топлотни бранови, суши, поплави и бури.
За да се ограничи економската загуба, императив е да се ограничи глобалното затоплување под 2 степени Целзиусови, како што беше наведено во Парискиот климатски договор. Останувањето под границата од 2 °C може да ја ограничи регионалната загуба на приходи на 20%, во споредба со 60% во сценарио со повисока емисија, појаснува главниот автор на студијата, Макс Коц. Студијата ја нагласува важноста на краткорочното делување во свет со различни економски перспективи на инвестиции во климата.
Додека истражувањето избегнува конкретни политички препораки, ја нагласува важноста на амбициозните напори за ублажување, посебно за ранливите нации. Се предвидува дека најсиромашните нации ќе го сносат најголемиот товар од климатските промени, и покрај тоа што минимално придонесуваат за зголемување на емисијата на гасови, затоа што немаат доволно ресурси за да се прилагодат.
Се предвидува дека Германија, САД и Франција ќе имаат пад на приходите од 11% до 13% до 2050 година. Студијата вклучува чеетири децении економски и климатски податоци од 1.600 региони и дава сеопфатна анализа на штетите, вклучувајќи ги и тие од екстремни временски непогоди.
(Science Alert)
(фото: Picryl)