Каролина Валенте, извршен директор и основач на канадската компанија Voxcell, откри дека нејзината компанија веќе работи на десет пилот проекто и дека прво ќе се фокусираат на истражување на ракот на дојка.
Нејзиниот тим е составен од академски и индустриски лидери, а целта им е прилично едноставна – забрзување на процесот на развој на лекови, овозможувајќи лековите побрзо да дојдат на пазарот и да стигнат до тие на кои им се навистина потребни.
Валенте додава дека нивните модели на лекување на канцер се направени со комбинација од биопринтери со висока резолуција и софтвер за васкуларизација кој користи вештачка интелигенција за создавање вештачки крвни садови.
„Резултатот е 3Д модел кој содржи вистински клетки на рак и вештачки крвни садови. Фарамцевтските компании на кандидатите ќе им вбризгуваат крвни садови и ќе ги бираат најдобрите лекови за тестирање на луѓе. Целта е што побрзо да се елиминираат лековите кои не се вредни за истражување, за да можеме да го трошиме времето и парите на оние кои треба да делуваат“ вели Валенте.
„Бидејќи ќе вршиме скрининг, ековите не мора да добијат одобрение од Агенцијата за храна и лекови, што ни го скратува времето за комерцијализација. Годинава ќе ги пласираме тие модели на ткива на пазарот, почнувајќи од нашите модели на ткиво на рак на дојка“ додава таа.
(B92)
(фото: Pxfuel)