Илон Маск постојано прави храбри прогнози кога е во прашање иднината на човештвото под влијание на технологијата, а така беше и овој пат. На една неодамнешна конференција Маск изјави дека вештачката интелигенција наскоро ќе ја надмине човечката и дека ќе стане толку сеприсутна што биолошката интелигенција ќе постои само во 1% од случаите.
Шефот на Twitter, како и на компаниите SpaceX, Tesla и Neuralink, додаде дека вештачката интелигенција веројатное најбитното од сите прашања во моментот.
„Процентот на биолошката интелигенција е се помал секој месец. На крај ќе биде помал од 1%“ рече Маск.
Тој не бепе до крај јасен во своето предвидување, односно не откри што мисли колку време ќе биде потребно да помине за да се реализира ова негово предвидување.
„Биолошката интелигенција ќе може да служи како осигурувач за вештачката, но според процентите, речиси сета интелигенција ќе биде дигитална“ рече милијардерот.
(B92)
(фото: Flickr)