Ана Ѓоргиева Танческа, ПроKредит банка: Предизвиците на младите и жените претприемачи не се само финансиски!

- Advertisement -

ПроКредит Банка, во соработка со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), започна две нови програми за поддршка на претприемништво, фокусирани и адаптирани на специфичните потреби на младите претприемачи – Youth in Business,  како и на жените коишто водат или се сопственици на бизниси – Women in Business. Во разговор со Ана Ѓоргиева Танческа, Директор на филијала за мали претпријатија во ПроКредит банка, дознаваме повеќе за деталите на овие две програми и специфичните предизвици за коишто тие нудат решенија.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

За почеток, кажете ни како дојдовте до идеја за стартување на овие програми насочени кон специфични таргет-групи и зошто токму сега?

ПроКредит повеќе од 20 години ги поддржува малите и средни претпријатија, што ни дава кредибилитет, знаење и искуство да креираме решенија коишто се адаптирани на нивните специфични потреби. Ние длабински го разбираме локалниот пазар и низ годините изградивме банка која обезбедува решенија кои функционираат во Македонија – сакаме да ја искористиме оваа експертиза за да ѝ возвратиме на заедницата и да бидеме „партнер од избор“ за бизнисите и претприемачите во земјата. За ПроКредит Банка, позиционирањето како „партнер од избор“ значи да бидеме тука за претприемачите уште од рана фаза во нивниот деловен живот.

- Advertisement -

Програмите Women in Business и Youth in Business се успешно присутни и во други земји од регионот, и во изминатата година заедно со ЕБОР и со поддршка на меѓународни експерти подетално погледнавме и на локалниот пазар и преку анализа на деловната инфраструктура и бизнис климата го лоциравме потенцијалот за имплементација на програмите и во Македонија.

Tековното социјално-економско опкружување се менува. Има засилени трендови во развојот на претприемништвото и желба сѐ повеќе професионалци да се осамостојат и да креираат своја компанија. Дигиталната економија и е-трговијата, а неодамна и вештачката интелигенција, дополнително ги менуваат правилата на играта: тие додадоа дополнителни можности за развој на претприемништво.

- Advertisement -

Во прилог на развој на претприемништвото е и фактот што Македонија е меѓу најмладите земји во Европа: речиси четири од секои десет работоспособни Македонци се на возраст од 18 до 35 години (35%). Секако, ова подразбира и предизвици за македонското општество и економија, како што е инкорпорирање на овие млади луѓе во структурата на општеството на начин што ќе овозможи да го остварат својот потенцијал. Честопати кај нас се разговара за овие предизвици, особено за миграцијата и „одливот на таленти“ што таа го носи.

И да не заборавиме на многуте семејни бизниси кои се во срцето на економијата на земјата. Да им се помогне да транзитираат кон следната генерација и да го подготват нивниот бизнис модел за успешна иднина е апсолутно клучно за нашата економија.

Кога зборуваме пак за женското лидерство, мажите сè уште доминираат во деловната сопственост, со сооднос од 71% наспроти 29%. На менаџерско ниво, соодносот е 68% мажи наспроти 32% жени.

Вниманието и поддршката што ја добиваат младите и жените бизнис лидери во моментот се на многу ниско ниво. ПроКредит Банка ги здружува силите со ЕБОР за да ги поддржи овие бизнис лидери во Македонија на начин што ниту една друга финансиска институција досега не го сторила. Веќе е добро познато дека ПроКредит е банка која сака предизвици, која се стреми кон одржливост на долг рок и која цврсто се држи до својот постулат на одговорност.

Кажете ни нешто повеќе за програмата за млади претприемачи и новиот пакет ПроБиз што го понудивте во рамки на оваа програма. На кого поконкретно се однесува, кои се условите за аплицирање и секако, какви бенефити овозможува за корисниците?

Програмата Youth in Business има за цел да ги поддржи малите и средни претпријатија предводени од млади претприемачи на возраст до 35 години, без разлика дали станува збор за стартап, бизнис во развој, зрел бизнис или семеен бизнис наследен од новата генерација.

Новиот ПроБиз пакет што го воведовме во рамки на оваа програма е креиран да одговори на уникатните предизвици со кои се соочуваат младите сопственици на бизниси. Оттаму, ПроБиз кредитите се одобруваат само со меница без потребен дополнителен колатерал во форма на хипотека. Без разлика дали се работи за обртни средства или инвестициски потреби, со ПроБиз овозможуваме флексибилни рокови на отплата и грејс периоди. 

Дополнително, со овој пакет младите претприемачи може да уживаат во поволностите на користење дигитална банка секогаш и секаде, кредитна картичка за сите бизнис потреби, дозволен минус на салдо за поголема флексибилност, личен банкарски советник и дополнителни поволности и за сопствениците на компаниите и за вработените.

Покрај придобивките од финансиска поддршка, ПроБиз вклучува и финансиско советување, можности за вмрежување и специјализирана обука со цел да им се овозможи на младите претприемачи да ги усовршат деловните вештини и да искористат нови можности за раст и развој.

За овој пакет може да аплицираат правни лица со најмалку 12 месеци работно искуство, чијшто мнозински сопственик или законски застапник не е постар од 35 години.

Во оваа насока е креирана и програмата Women in Business. Кои се предностите што ги нуди оваа програма и кои се условите за нивно користење?

Токму така, и програмата за жени во бизнисот е резултат на соработката помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), а има за цел да им ги обезбеди на жените претприемачи потребните ресурси за да ги надминат предизвиците во бизнисот и да го реализираат својот целосен потенцијал.

Преку оваа иницијатива, со конкретни предности и механизми за поддршка, жените претприемачи ќе добијат олеснет пристап до кредити без потреба од хипотеки, како и дозволен минус на салдо, со што им обезбедуваме полесен и пофлексибилен пристап до витални финансиски ресурси.  

Дополнително, и во оваа програма нудиме целосен пакет на банкарски услуги приспособени да ги задоволат потребите на малите и средните бизниси и нивните сопственици – од решенија за целосно дигитално банкарство до деловни кредитни картички. Пакетот е достапен за мали и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост.   

Секоја жена сопственик на бизнис ќе има свој личен банкарски советник за поддршка и помош во донесувањето информирани финансиски одлуки кои ќе го поттикнат растот на бизнисот. 

Програмата Women in Business опфаќа и пристап до финансиски обуки, работилници и настани за вмрежување, овозможувајќи им на жените претприемачи да се поврзат со истомисленици и да ги прошират своите професионални мрежи.  

Според вашите сознанија и статистики, кои се најчестите предизвици со коишто се соочуваат жените во бизнисот кај нас? Како ПроКредит Банка ги таргетира овие предизвици?

Статистиките покажуваат дека процентот на бизниси во сопственост на жени во Македонија останува меѓу најниските во регионот. Па така, само околу 30% од бизнисите во Македонија се во сопственост на најмалку една жена со основачка инвестиција поголема од 50%. Бизнисите водени од жени доминантно се микро бизниси со 1-4 вработени.

Ова е доказ дека потенцијалот на жената како претприемач е недоволно препознаен и искористен во земјава. Овие жени претприемачи се соочуваат со низа предизвици, вклучувајќи ја родовата пристрасност, ограничениот пристап до финансии за да се започне и да се води бизнисот, недостатокот на приспособени производи и можности за вмрежување и одржување на бизнис контактите. Дополнително, голема улога игра и поддршката од семејството и можноста за остварување здрав баланс помеѓу работата и приватниот живот.

Од друга страна, жените како раководители се повеќе склони кон градење тим, структура и долгорочна стабилност за компанијата, квалитети кои се потребни во македонското претприемништво.

Истовремено, анализата на локалниот пазар покажува дека жените претприемачи имаат интерес за проширување на нивните бизниси и инвестирање во нивен развој и се подготвени да го реализираат сопствениот потенцијал.

Затоа, сакаме да понудиме пакет кој е специјално приспособен на потребите на жените, дизајниран слушајќи го гласот на жените претприемачи, а не само добро спакувана кампања која во суштина го содржи истиот стандарден производ. За да го постигнеме ова, бевме во близок контакт со нив, со цел да ги разбереме нивните потреби. Резултатот од ова е нашата понуда за жени претприемачи: холистички пристап на приспособени финансиски решенија кои се фокусираат на едноставност, транспарентност и флексибилност, во комбинација со менторство, вмрежување и можности за градење капацитети.

Кажете ни нешто повеќе за овие дополнителни бенефити за корисниците на пакетите за млади и жени претприемачи. Од каде идејата да ја вклучите и оваа компонента во програмата?

Главен мотив за проширување на програмите е токму нашата свест дека предизвиците на младите и жените претприемачи не се само финансиски. Напротив, да се биде претприемач е предизвик од аспект на креирање мрежа на познанства, изнаоѓање на баланс помеѓу работата и приватниот живот, потреба од истомисленици за размена на идеи, како и потребата од градење на меки и технички лидерски вештини.

Секако, како банка имаме должност и можност да дадеме поддршка од аспект на олеснет пристап до финансиски средства, како и да овозможиме брзи, лесни и безбедни дигитални решенија кои значително заштедуваат време и енергија, но сметаме дека доколку сакаме да бидеме вистински партнер на овие претприемачи, треба да понудиме многу повеќе.

Во ПроКредит Банка отсекогаш сме имале личен пристап кон клиентите и токму затоа се стремиме да понудиме поддршка на повеќе нивоа која е многу повеќе од кредит. Тоа е и дел од нашата одговорност кон општеството каде вложуваме во поголеми размери на едукација, менторство, споделување на нашето знаење, вмрежување на компаниите, отворање на нови пазари и можности што ќе овозможи зголемување на стапката на компании кои ќе преживеат и понатаму ќе се развиваат.

Во периодот кој следи, во склоп на програмите за млади и жени претприемачи планирани се специјални менторски сесии со меѓународни консултанти кои ги носат најдобрите практики од различни области, не само банкарски. Прв таков чекор е конференцијата за претприемништво во организација со ЕБОР на која ќе ги споиме овие две специфични групи претприемачи и ќе споделиме вредни совети и искуства од нивни лични примери.

  • Кажете ни нешто повеќе за соработката со ЕБОР. Како дојде до од оваа соработка и кои ви се очекувањата за истата?

Со ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) имаме соработка веќе долги години за различни програми за одржливост, инклузивност и поддршка на заедницата, бидејќи имаме заедничка визија за развој на локалната економија. Чест ни е што сме една од партнерските финансиски институции на ЕБОР и што изградивме силен сојуз низ годините.

ЕБОР има искуство на многу пазари, посебно во регионот, и ова е од непроценливо значење за нас. Со нивното сеопфатно знаење, заеднички нудиме олеснет пристап до финансии но и техничка поддршка  со цел реализација на инвестициите на бизнисите водени од жени и млади претприемачи.

Нашите очекувања се однесуваат на уште поголем број задоволни клиенти кои ќе најдат вистински вредни решенија за сите нивни предизвици. Веруваме дека ќе охрабриме многу претприемачи да го преземат следниот чекор во нивниот бизнис, ќе бидеме мост за поврзување и вмрежување и ќе понудиме финансиска поддршка која е неопходна за успешен развој на нивните бизниси.

Оттаму, особено важен ни е фидбекот од претприемачите за да можеме понатаму да ги развиваме услугите кои можеме да ги понудиме кон нив, а со тоа и да го поддржиме нивниот развој и одржливост на долг рок. Од нив и ние учиме за потребите и за пазарот кој многу брзо се менува, ги следиме регионалните и светските пазарни трендови во нивната индустрија и севкупното знаење го посветуваме на градење на успешни приказни. За нас односот со клиентите е секогаш двонасочна комуникација.

Сподели!
- Advertisement -