Нанопластика пронајдена во срцето и црниот дроб на ембрион на пиле

- Advertisement -

Неодамнешнo истражувањe покажа дека нанопластиката може да се акумулира и во срцата во развој, фрлајќи ново светло на потенцијалните здравствени ризици предизвикани од овие ситни пластични честички. Истражувањето се фокусира на пилешки ембриони и ја истакнuvа зголемената загриженост за изложеноста на нанопластика во животната средина. Биологот Меиру Ванг од Универзитетот Лајден го предводеше истражувањето за да открие како нанопластиката влијае на ембрионот на пиле. Таа и нејзиниот тим инјектирале наночестички од полистирен за да ја следат нивната дистрибуција во ембрионот.

„Инјектиравме пластични наночестички интравенски во ембрионот на пиле. Ова е прв пат овој пристап да се користи за проучување на биодистрибуцијата на пластичните наночестички во повеќе органи на ембрионот“, рече Ванг.

- Advertisement -

Истражувањето дaваувид во биодистрибуцијата на нанопластиката кај ембрионите откако ќе влезат во ембрионскиот крвоток. Овие наночестички се многу мали, толку мали што не можат да се видат под обичен микроскоп. Поради тие, тие биле означени со флуоресцентни маркери или европиум, што им овозможило на научниците да ги следат и да ги проучуваат наночестичките.

Откриено е дека наночестичките можат да поминат и низ ѕидовите на крвните садови и да се акумулираат на високо ниво во срцето и црниот дроб. Како што е забележано во истражувањето, нанопластиката била пронајдена и во тип на срцево ткиво кое не содржи крвни садови познати како аваскуларни срцеви перничиња.

- Advertisement -

Според Ванг, научниците веруваат дека нанопластиката може да влезе во срцето преку отвори.

„Тоа се мали отвори во срцевото ткиво во развој кои играат улога во формирањето и ремоделирањето на структурата на срцето за време на развојот“, додава таа.

- Advertisement -

Пилешкото има висок степен на генетска сличност со луѓето. На пример, околу 60% од гените за кодирање на протеини имаат барем еден човечки ортолог. Ортолози се гени кои еволуирале од заеднички ген на предок, но задржале слична функција кај различни видови. Ова сугерира дека пилешките ембриони можат да имитираат човечки ткива, бидејќи цицачите не можат да се користат во такви истражувања.

Како што објаснија научниците, постојат две причини. Прво, ембрионот е опкружен со екстраембрионални мембрани во внатрешноста на мајчината матка, што значи дека пристапот не е можен. Второ, нанопластиката инјектирана во крвотокот на мајката може да ја премине плацентарната бариера.

Денес, нанопластиката ја има насекаде, во океанот, во почвата, па дури и во синџирот на исхрана. Ванг истакнува дека нанопластиката е откриена дури и во човечката утроба.

Се поставува прашањето што се случува кога нанопластиката ќе го најде својот пат во крвотокот на ембрионот.

„За време на раните истражувања, откривме дека високите концентрации на нанопластика може да предизвикаат малформации во срцето, очите и нервниот систем на ембрионите на пиле. Меѓутоа, за поцелосно да ја разбереме токсичноста на нанопластиката, прво треба да добиеме повеќе информации за тоа како се шири од крвотокот до остатокот од телото“, објасни Ванг.

Резултатите од истражувањето можат да го унапредат разбирањето на интеракцијата на нанопластиката со ткивата во живиот организам. Овие податоци можат да бидат корисни во наномедицината и во разбирањето на ризикот во однос на токсичноста.

(Klix.ba)

(фото: Flckr)

Сподели!
- Advertisement -