Нов феномен на небото: шест планети ќе се порамнат следниот месец и сè ќе биде видливо

- Advertisement -

Затемнување на Сонцето, геомагнетни бури и поларна светлина се само дел од ретките феномени кои се појавија на небото оваа година. Експертите сметаат дека ова е само дел од спектаките што го очекува светот во 2024 година.

Шест планети би требало да се порамнат следниот месец, а тоа ќе создаде т.н планетарна парада, пренесува CBS News. Ова треба да се случи на 3 јуни за време на изгрејсонцето.

- Advertisement -

За време на сончевиот спектакл, орбитите на Јупитер, Меркур, Уран, Марс, Нептун и Сатурн ќе ги доведат планетите на истата страна на Сонцето. Тие нема да создадат вистинска линија во вселената, туку ќе изгледаат како да се порамнети од одредени делови на светот. Science Alert пишува дека ќе биде видлива и Месечината.

Сите што сакаат да го видат новиот спектакуларен феномен ќе мора да користат двоглед или телескоп. Доколку случајно го пропуштите, новото порамнување на планетите ќе биде на 28 август 2024 година, а следното на 18 јануари 2025 година.

- Advertisement -

(24sata)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -