Американската компанија Electra успешно ги изведе првите операции со ултракраток лет со високи перформанси на својот електричеn авион со кратко полетување и слетување (eSTOL).
„Денешната пресвртница е неверојатно достигнување бидејќи докажавме дека нашиот авион eSTOL има способност да го направи она што рековме дека може да го направи na простор помал од 90 метри“, рече Џеј Пи Стјуарт, потпретседател и генерален менаџер на Electra.
Тест летовите, пилотирани од пилотот Коди Али, се одржаа во текот на април и мај 2024 година на регионалниот аеродром Манасас и на аеродромот Ворентон-Фокиер во Вирџинија. Најдолгиот лет траеше 1 час и 43 минути. За време на кампањата авионот полета од пистата на помалку од 50 метри и достигна височина од 1.900 метри и леташе побавно од 46 км/ч за време на полетувањето и слетувањето, како што можете да видите од видеото во прилог.
Дизајнот на Electra користи осум електрични мотори за значително да го зголеми подигнувањето на крилата, овозможувајќи му на eSTOL авионот да полета и да слетува во само 1/10 од просторот што е потребен за конвенционалните авиони. Ова овозможува пристап до локации до кои денес може да се стигне само со хеликоптери.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)