Забава, дружба и уживање на прославата по повод 100 години Прилепска Пиварница

- Advertisement -

Прилепска Пиварница, столбот на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија, во саботата, на 13 јули, одбележа историски момент со голема прослава во чест на својата 100-годишнина. Настанот што се одржа во Прилеп беше сведоштво за еден век извонредна посветеност кон производството на пиво и кон заедницата.

Прославата официјално ја отвори Марјана Станојковска, која ја најави проекцијата на корпоративното видео за Пиварницата, кое сведочи за досегашната работа. Потоа, топло добредојде на присутните им посакаа и генералниот директор на Пиварницата, г. Сашко Самарџиоски, заменик-генералниот директор, г-а Панде Самарџиоска, и градоначалникот на Прилеп, г. Борче Јовчески. Во своите обраќања, тие се осврнаа на богатата историја на Пиварницата, на нејзината долготрајна посветеност на квалитетот како и на нејзината важна улога во поддршката на локалната заедница.

- Advertisement -

По инспиративните говори, присутните имаа можност да уживаат во музичките настапи на ДНК, Тропико бенд и неповторливата Марија Шерифовиќ. Нивните енергични настапи ја подигнаа атмосферата, обединувајќи ги гостите во прославата на овој значаен јубилеј. А, за да биде уживањето уште поголемо, Пиварницата овозможи пијалаци по роденденски цени, па присутните можеа да се освежат со домашните пива – студени Крали Марко и Златен Даб, увозните пива Карлсберг и Туборг, соковите Пепси, Миринда и Газоза, како и водите Аква Вива и Књаз Милош.

Кулминација на вечерта беше спектакуларниот огномет што го осветли небото над Прилеп, симболизирајќи ги многубројните достигнувања на Пиварницата во изминатите 100 години, како и светлиот поглед кон иднината.

- Advertisement -

Додека Прилепска Пиварница со возбуда се движи кон следните 100 години извонредност во производството на пиво, таа останува посветена на одржувањето на своето наследство на квалитет, традиција и ангажман кон локалната заедница.

Сподели!
- Advertisement -