Едно злато, две бронзи и три пофалници за Македонија на Интернационалната математичка олимпијада

- Advertisement -

Светскиот математички натпревар, 65. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2024), годинава се одржува во Бат, Велика Британија, во периодот 11-22 јули, каде македонската екипа се закити со еден златен медал, два бронзени медала и три пофалници.

Сојузот на математичари на Македонија (СММ) информира дека на Олимпијадата се натпреварувале вкупно 609 млади умови од целиот свет во текот на два натпреварувачки денови, а СММ претходно организирал четири неделни подготовки на кои македонските репрезентативци разработувале напредни теми и техники за решавање на проблеми од областите: алгебра, комбинаторика, теорија на броеви и геометрија.

- Advertisement -

„Веруваме дека ваквиот сериозен пристап повторно им помогна на македонските репрезентативци за уште еден одличен резултат. Ова е исклучителен успех за нашата земја, која во конкуренција на 109 држави екипно се пласира на 28. место според освоени одличја, односно на 46. место според освоени поени“, соопштуваат од Сојузот.

На овој светски мегдан за извонредност во математиката Дамјан Давков освои  златен медал и 31 поен, Леонид Тодороски и Алексиј Тасиќ – бронзени медали со 21 и 16 поени, додека Бранко ЈангеловскиИвано Божиновски и Никола Цветаноски добија пофалници, односно 14, 13 и 12 поени.

- Advertisement -

(Радио МОФ)

Сподели!
- Advertisement -