Во Кина јули е забележан како најтопол месец во поновата историја

- Advertisement -

Кина го забележа својот најтопол месец во модерната историја – тоа беше минатиот месец јули, објавија кинеските државни медиуми, додавајќи дека ова е одраз на рекордното топло време забележано минатиот месец ширум светот.

Просечните температури минатиот месец биле во просек 23,21 Целзиусови степени, повисоки од 23,17 степени Целзиусови забележани во јули 2017 година, објави во четвртокот кинеската национална телевизија. Ова е највисокиот месечен просек откако земјата почнала да собира сеопфатни метеоролошки податоци во 1961 година.

- Advertisement -

На 22 јули светот го забележа најтоплиот ден во историјата на нашата планета, при што просечната глобална температура достигна 17,15 Целзиусови степени. Она што ги прави годинашните рекордни високи температури и топлина невообичаени е тоа што за разлика од 2023 и 2016 година, климатскиот феномен Ел Нињо, кој ги зголемува глобалните температури поради потоплите води во источниот дел на Пацификот, заврши во април, но температурите не се намалија.

Некои научници веруваат дека овие податоци укажуваат на фактот дека влијанието на климатските промени врз зголемувањето на глобалните температури е поголемо од кога било досега.

- Advertisement -

Во јули е забележана повисока просечна температура во сите кинески провинции отколку во истиот месец од претходните години. Највисоки температури се забележани во провинциите Гуиџоу и Јунан, а потоа следат Хунан, Џиангкси и Жеџијанг.

Денеска, 1 август, температурите се уште се многу високи во делтата на реката Јангце, а метеоролозите предвидуваат дека Шангај, Нанџинг, Хангжу и другите главни градови на провинцијата ќе продолжат да имаат високи температури во следните седум дена.

- Advertisement -

Глобалното затоплување го направи времето во Кина поинтензивно и понепредвидливо. Втората по големина светска економија, исто така, доживеа некои од најинтензивните врнежи во поновата историја оваа година, што предизвика големи поплави и лизгање на земјиштето.

Во годинашната сезона на поплави во Кина се забележани 25 големи поплави на големите реки, повеќе од која било друга година од почетокот на евиденцијата во 1998 година, соопшти Министерството за водни ресурси во четвртокот.

(Zimo)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -