Шпанската антимонополска агенција ја казни платформата за онлајн резервации Booking со 413,2 милиони евра поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот во земјата во последните пет години.
Според шпанскиот регулатор, од 2019 година, Booking го злоупотребува својот доминантен пазарен удел во земјата, кој е меѓу 70 и 90 отсто, за да наметне нефер услови за хотелите и да ја ограничи конкуренцијата од други компании, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на Букинг изјави дека компанијата „апсолутно не се согласува“ со оваа пресуда и ќе поднесе жалба до повисока инстанца. Тој додаде дека за ова прашање треба да се разговара во согласност со правилата кои произлегуваат од новиот Закон за дигитални пазари на Европската унија.
Туристите се повеќе ги користат онлајн платформите како Airbnb, Booking, Expedia или Trip Advisor за резервации во ЕУ. Во првиот квартал од 2024 година, гостите поминале 123,7 милиони ноќевања во сместувачките единици во Европската унија кои биле резервирани преку споменатите платформи, што претставува зголемување од 28,3 отсто во однос на истиот квартал минатата година, објави неодамна Евростат.
Од 20-те најпопуларни региони за резервирање сместување преку платформи, шест се наоѓаат во Шпанија, а Андалузија е најпопуларна.
(B92)
Фото – Flickr