Сердар Цветков го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар

- Advertisement -

Македонските ученици со одлични резултати на светските натпревари Microsoft Office Specialist и Adobe Certified Professional во Анахејм, Калифорнија

Скопје, 16.08.2024 – Прекуокеанската авантура на македонските средношколци кои ја претставуваа нашата држава  на светските првенства Microsoft Office Specialist (MOS) и Adobe Certified Professional (ACP), кои се одржаа во Анахајм, Калифорнија, заврши успешно! Тие се вратија дома со фантастични успеси и високи резултати. Во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји, нашите млади таленти покажаа дека Македонија има со што да се гордее.

- Advertisement -

Најголемото признание го доби Сердар Цветков од СЕТУГС „Михајло Пупин“ – Скопје, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар. Овој успех е уште една потврда за талентот и квалитетот на дигиталната писменост меѓу младите во Македонија.

Во тимот на успехот беше и Лука Зотовиќ од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје, кој мајсторски ги претстави нашите бои на ACP натпреварот. Заедно со Илина Арсовска, Леонид Петковски и Огнен Бабунски, овие млади визионери го претворија својот сон во реалност, претставувајќи ја Македонија на најголемата глобална сцена за дигитална писменост.

- Advertisement -

„Овие натпревари не само што ги истакнуваат нашите најталентирани ученици, туку и ја промовираат важноста на дигиталната писменост како клучна вештина за иднината. Горди сме на нивните достигнувања,“ изјави г-ѓа Валентина Тасева, Генерален директор на Semos Education.

Нивното учество беше овозможено благодарение на Семос Едукација и со поддршка од Град Скопје и реномирани компании и организации кои го поддржаа престојот и учеството на овие мотивирани средношколци и нивните ментори.

- Advertisement -

Горди сме што сме дел од оваа неверојатна приказна и што имавме можност да ги поддржиме овие млади таленти на нивниот пат кон светските успеси. Тие ни покажаа дека со посветеност и знаење, секоја цел е достижна,“ вели Марко Серафимовски, директор на CertiAdria.

На свеченото прогласување на победниците во Анахајм присуствуваа претставници од многу земји, а нашите натпреварувачи добија големо признание за својата работа и посветеност. Ова е само почеток на нивната успешна кариера, и ние со нетрпение го очекуваме нивниот понатамошен развој и успеси.

Како потсетување, минатата година нашата финалистка Ања Цветковска од СУГС Раде Јовчевски -Корчагин го освои четвртото место во конкуренција на 133 натпреварувачи на светско ниво.

Низ годините, посветеноста на CertiAdria и Семос Едукација во креирањето дигитално писмени средношколци, резултираше со високо позиционирање на Македонија на пиедесталот на светските првенства.

Сподели!
- Advertisement -