Кинеската компанија тврди дека има батерија за електрични возила со најбрзо полнење во светот

- Advertisement -


Кинескиот производител на автомобили Zeekr тврди дека нивните нови батерии за електрични возила (EV) се полнат побрзо од кој било од нивните ривали, вклучувајќи ги и лидерите во индустријата, Tesla и BYD.

Компанијата тврди дека нивните надградени батерии можат да се полнат од 10% до 80% од капацитетот за 10 и пол минути со помош на станиците за ултрабрзо полнење.

- Advertisement -

За споредба, Tesla истакнува дека 15-минутното полнење му овозможува на неговиот Model 3 да помине 282 километри, нешто помалку од половина од целосниот опсег на автомобилот.

Седанот на Zeekr 2025 007, кој ќе биде достапен од следната недела, ќе биде нивното прво возило со новата батерија. Батеријата работи добро и при ладно време, полни од 10% до 80% од својот капацитет за помалку од половина час на температури до -10 степени Целзиусови.

- Advertisement -

„Технологијата за полнење на Тесла не е водечка во индустријата веќе некое време. Овие смели тврдења на Zeekr се убедливи, но уште поважно, дури и ако тоа не е најбрзо полнење на електрична батерија, да се биде еден од најбрзите е сепак голем скок за нив“, рече Ту Ли, основач и извршен директор на консултантската куќа Blue Auto Insights, за BBC.

„Конкуренцијата во Кина е неверојатно жестока и додека брендовите како BYD даваат приоритет на обемот и продажбата, брендовите како Zeekr, Li [Auto] и Nio се фокусирани на максимизирање на искуството за полнење“, рече Марк Рејнфорд, коментатор во кинеската автомобилска индустрија.

- Advertisement -

Geely e е комапнија-мајка на Zeekr, која поседува неколку брендови, вклучувајќи го брендот за луксузни спортски автомобили со седиште во Велика Британија, Lotus и шведскиот Volvo. Во мај акциите на Zeekr почнаа да се тргуваат на Њујоршката берза, што го означи првото големо деби на кинеската компанија на американскиот пазар од 2021 година. Акциите моментално се тргуваат за 27% под нивната почетна цена за јавна понуда (IPO).

(Bizlife)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -