Еве како Швеѓаните штедат на сметките за парно греење

- Advertisement -

Грејната сезона кај да е ќе започне и особено во овие времиња кога цените растат со огромна брзина, сите бараат начини да ги намалат трошоците за парно. Затоа, често гледаме во некои поразвиени земји за да дознаеме дали имаат некакви решенија или совети кои би можеле да ни помогнат.

Една од овие развиени земји е Шведска. Како е решен системот за греење во таа земја, кој е исклучително ефикасен и треба да помогне во нивната цел за декагрбонизација на системот за греење до 2030 година, е објаснето на страниците на Шведската агенција за енергетика. Фокусот е на т.н парно греење на прилично интересен начин. Имено, греењето и топлата вода се дистрибуираат од оддалечените термоелектрани преку цевководна мрежа која ги поврзува зградите, куќите и деловните објекти.

- Advertisement -

Во рамките на овој систем цели градови или делови од градовите се меѓусебно поврзани со заедничка мрежа на цевки, а топлината се произведува во централна котлара или централна постројка која снабдува топлина и електрична енергија. Овој систем е исклучително ефикасен и помалку штетен за животната средина отколку кога жителите би користеле сопствени, специјални котли за греење, а уште поважно е што биомасата (на пример, дрвен отпад и пелети) се користи како гориво во електраните, отпадна енергија од дата центри и друг отпад што не може да се рециклира, така што емисиите на штетни гасови се значително помали.

Покрај централното греење, во Шведска се користи и геотермална енергија, која исто така е значително поефикасна и поевтина. Исто така, освен на геотермалната енергија, некои Швеѓани се потпираат и на други форми на обновливи извори како што се сончевата енергија и енергијата на ветерот. Тие не се користат само за производство на електрична енергија, туку и за загревање на вода и поддршка на системи за греење, со што се намалува потрошувачката на енергија за греење.

- Advertisement -

Покрај начините на кои ја добиваат енергијата потребна за греење, кои се енергетски ефикасни и одржливи, Швеѓаните користат различни методи, од изолација до примена на технолошки решенија, за да ја намалат потрошувачката на енергија, а со тоа и нивните сметки.

За да се минимизира загубата на внатрешна енергија, изолацијата е од големо значење. Во Шведска се користат висококвалитетни материјали и прозорци со низок коефициент на спроводливост, силна топлинска изолација и посебен систем за вентилација со повраток на енергија. Неодамна, пасивните куќи, за кои е потребна минимална количина на енергија за греење и ладење, стануваат сè попопуларни. Употребата на енергетски ефикасни и економични решенија е поттикната и од шведската влада, која субвенционира или дава даночни олеснувања за користење на обновливи извори на енергија како што се геотермални пумпи или соларни панели.

- Advertisement -

Друг начин со кој дел од Швеѓаните штедат енергија е со користење технологија и паметни уреди. Благодарение на ваквите уреди, температурата на куќата може да се прилагоди на времето и надворешната температура, но и на присуството на самите домаќини. Како уште една од навиките при затоплување на куќите, се наведува и да се греат само оние простории во кои во тој момент престојуваат членовите на домаќинството, за да не се греат просториите кои се празни.

Секако, ниту Швеѓаните не останаа имуни на енергетската криза која настана по почетокот на руско-украинската војна, кога цените на енергетските производи нагло пораснаа, па во последните години дури и Швеѓаните се греат на зголемени цени.

(Nova.rs)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -