Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизел-горивата поевтинуваат за два денари
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, пониски цени.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензините се намалува за еден денар за литар, додека дизел-горивата поевтинуваат за два денари.
Па така, од полноќ литар бензин БС-95 ќе се продава за 77 денари за литар, бензинот БС-98 ќе чини 79 денари за литар, а дизелот ќе се продава за 68,5 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува за два и пол денари за литар и тоа ќе се продава по 68 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ од полноќ за 0,639 денари за килограм се намалува цената на мазутот и ќе се продава за 42,573 денари за килограм.