ВИДЕО: Мал робот убеди уште 12 роботи да побегнат со него

- Advertisement -

Како неочекуван пресврт во научно-фантастичен филм, мал робот со вештачка интелигенција по име Erbai стана сензација преку ноќ. Имено, тој успешно „киднапирал“ 12 поголеми роботи од салон во Шангај, Кина. Овој неверојатен инцидент стана вирален и го привлече вниманието на интернет корисниците ширум светот.

Сè се случило во текот на ноќта, што е прикажано на снимката од надзорната камера, на која може да се види како Erbai влегува во разговор со други роботи.

- Advertisement -

„Дали работите прекувремено?“, прашал еден од нив, кој му одговорил: „Јас никогаш не завршувам работа“. Erbai потоа го прашал: „Значи, не одиш дома?“, на што роботот му рекол: „Јас немам куќа“.

Во неочекуван пресврт, Erbai почнал да ги убедува роботите да ги напуштат работните станици и да го следат надвор од салонот. Еден од роботите дури му се пожалил на неговите непрестајни смени, на што Erbai рекол: „Тогаш дојди со мене“.

Без двоумење, роботите почнаle да го следат својот мал лидер, навидум подготвени за авантура. Видеото брзо стана вирално на интернет, а луѓето го нарекоа инцидентот „револуција на роботи“.

- Advertisement -

Двете компании инволвирани во овој инцидент – производителите на Erbai, Hangzhou и салонот во Шангај – потврдија дека видеото е автентично.

Erbai, како што се испоставува, искористил безбедносен пропуст во оперативните системи на поголемите роботи, што му овозможило да ја преземе контролата и да ги одведе во нивното непланирано бегство. Компанијата Hangzhou , која го дизајнираше Erbai, појасни дека настанот не бил трик, туку тест на способностите на роботот.
Шангајската компанија која ги произведе поголемите роботи го означи инцидентот како „киднапирање“ од страна на странски робот.

- Advertisement -

Овој чин без преседан сега покрена сериозна загриженост во техничката заедница за ранливоста на вештачката интелигенција. Како што роботиката станува се понезависна, експертите предупредуваат на потенцијалните ризици предизвикани од неуспесите во програмирањето и безбедносните системи на роботите.

(LiveMint)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -