Inovativnost Insights: Втората сезона од македонското реално шоу Founder Games носи можност за инвестиција од 300.000 евра, но и конкуренција од 13 земји!

- Advertisement -

Новинар: Верица Јорданова

Снимател и монтажер: Синиша Илијески

- Advertisement -

Founder Games e првото реално шоу за стартапи во светот, смислено, основано и стартувано од битолчанката Сања Митровска. Таа е основач и на компанијата Networker чија мисија е да ја изгради следната генерација на компании кои ќе го менуваат општеството, обединувајќи претприемачи, големи идеи и инвестициски капитал. Како резултат на оваа визија и на личната посветеност на Митровска кон градење што поголем и постабилен стартап и претриемнички екосистем во земјава произлезе и реалното шоу Founder Games, кое во јануари ја стартува својата втора сезона.

Токму новитетите кои ги носи втората сезона и придобивките за младите со иновативни идеи во Македонија се повод за гостувањето на Сања во ова издание на Inovativnost Insights.

- Advertisement -

“Founder Gamer всушност е реално шоу комбинирано со акцелераторска програма, односно програма за развој на стартапи и сето тоа е oсмислено во Македонија. Преку ова шоу го следиме падот и подемот на еден претприемач и тоа е она што го прави интересно. Минатата сезона имаше 20, сега ќе бидат 40 стартапи кои ќе учат од нивните ментори, успешни претприемачи кои успеале да ја поминат психолошката бариера и размислуваат на големо. Идејата ни дојде токму од сознанието дека во земјава имаме млади со многу добри идеи но тие не размислуваат за глобален пласман на нивните идеи. Со ова шоу практично сакаме да влијаеме на промена на размислувањето на идната генерација претприемачи“, вели Митровска.

Новина во втората сезона на Founder Games е што се вклучени вкупно 13 земји од поширокиот регион.Во петмесечната акцелераторска програма ќе бидат вклучени 40 стартапи и за најдобрите следува инвестиција од 300.000 евра. Победникот исто така добива и патување во Силиконската долина за остварување нови бизнис контакти и можност за глобално скалирање на бизнисот.

- Advertisement -

Пријавувањето за учество оваа уникатна програма е отворено до 15 декември на следниот ЛИНК. Не ја пропуштајте можноста!

Сподели!
- Advertisement -