Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген ќе укине повеќе од 35.000 работни места во Германија до 2030 година за да ги намали трошоците додека избегнува затворање на фабрики и отпуштања како дел од договорот потпишан за да се обиде да ја спаси проблематичната компанија.
Договорот меѓу Volkswagen и претставниците на работниците значи дека никој нема да биде отпуштен или прогласен за технолошки вишок до 2030 година, пренесува Associated Press.
Наместо тоа, ќе се постигне намалување на работната сила со тоа што нема да се заменат вработените кои заминуваат во пензија.
Договорот предвидува „социјално прифатливо намалување на работната сила“ на повеќе од 35.000 луѓе во фабриките на Фолксваген во Германија до 2030 година, или 29 отсто од вкупната работна сила, се вели во соопштението.
Со овој договор, Volkswagen се надева дека ќе оствари заштеда од околу четири милијарди евра на среден рок.
Фото – Flickr