Ова е најстарата шума на планетата – дрвјата таму се стари 386 милиони години

- Advertisement -


Планините Кетскил, лоцирани на југоисток од американската држава Њујорк, на околу 60 километри од главниот град Албани, се неисцрпен извор на информации за античкото минато на нашата планета. Едно од поновите откритија направено во тој регион е навистина возбудливо!

Имено, Чарлс Вер Страетен, геолог вработен во Државниот музеј на Њујорк, открил необични разгранети структури во тамошниот каменолом и претпоставил дека станува збор за корени од дрвја. Тој бил во право – ги пронашол фосилните остатоци од најстарата позната шума на нашата планета.

- Advertisement -

Анализата покажала дека дрвјата се стари неверојатни 386 милиони години, а научниците сега со нив подетално ќе проучат како се менувала климата на Земјата во тој долг период.

На локалитетот се пронајдени три видови дрвја, а особено интересно е тие од родот аrchaeopteris имаат корени долги повеќе од дванаесет метри. Слични се на модерниот четинар, а научниците веруваат дека тоа се првите дрвја кои развиле рамни зелени лисја.

- Advertisement -

„Овие дрвја ефикасно го отстранувале јаглеродниот диоксид од атмосферата. До крајот на девонскиот период, односно пред 360 милиони години, нивото на овој гас паднал на денешното ниво“, објаснува палеонтологот Кристофер Бери.

Треба да се знае дека државата Њујорк е богата со фосили од древни дрвја, бидејќи лежи на стар планински венец. Споменатиот фосилен наод е оддалечен помалку од 40 километри од шумата која досега се сметаше за најстара во светот.

- Advertisement -

„Проучувањето на овие древни шуми би можело да ни помогне во борбата против климатските промени. Да се ​​разбере како климата се променила во минатото е клучно за да се предвиди што ќе се случи во иднината“, вели еволуцискиот биолог Сенди Хетерингтон.

(buka.com)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -