Тестиран нов метод за откажување од пушење цигари

- Advertisement -

Пушењето е зависност од која е многу тешко, a некои дури би рекле и невозможно да се ослободите. Некои луѓе сепак успеваат во тоа, додека други залудно се обидуваат, по што се враќаат на оваа штетна навика бидејќи нагонот за пушење е многу посилен.

За сите чии новогодишни одлуки вклучуваат откажување од пушење научниците имаат добри вести, односно метод кој би можел да им помогне да се откажат од пушењето. Клучот е во паметните часовници, односно специјална апликација за преносни уреди што би можеле да им помогнат во тоа. Според научниците од Универзитетот во Бристол, тоа е првата апликација наменета за откажување од пушење која работи целосно на паметни часовници и не бара поврзување со паметни телефони.

- Advertisement -

Резултатите од студијата што била спроведена се доста охрабрувачки и позитивни, но бидејќи била спроведена на ограничен број луѓе и во краток временски период, во иднина ќе бидат потребни подетални истражувања за да се покаже колку оваа метода е успешна на долг рок.

Како дел од истражувањето развиен е специјален софтвер кој користи сензори за движење на преносни уреди и ги препознава движењата на рацете специфични за палење и држење цигара. Кога апликацијата ќе препознае дека сопственикот пали или држи цигара, екранот ќе почне да трепка и часовникот ќе вибрира, додека на екранот ќе се појават пораки кои би требало да поддржуваат откажување од пушење. Овие пораки се напишани од луѓе кои се откажале од пушењето или од пушачи кои сè уште се обидуваат да се откажат од оваа навика.

- Advertisement -

Во студијата, објавена во научното списание MIR Formative Research, апликацијата била тестирана на 18 луѓе кои имале намера да се откажат од пушењето. Сите кои учествувале во истражувањето, а станува збор за луѓе на возраст од 18 до 70 години, пушеле повеќе од 10 цигари дневно, додека ги држеле во десната рака, на која носеле и TicWatch со две специјални апликации. По 2 недели користење на апликациите тие пополниле прашалник од 27 прашања, во кој дале повеќе или помалку позитивни оценки за употребата на паметните часовници со софтвер кој треба да им помогне да се откажат од пушењето, а повеќе од 60% од нив нагласиле дека пораките што им биле прикажани на екранот биле битни за нив. Исто така, се покажало дека апликацијата на час ја подигнала нивната свест за штетните ефекти од пушењето и им помогнала да пушат помалку, а тие генерално се чувствувале позитивно за откажување од пушење.

Од друга страна, дел од испитаниците рекле дека ваквите пораки со текот на времето ја губеле својата ефикасност и не се доволно разновидни, а за некои се премногу нејасни.

- Advertisement -

(The Guardian)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -