Последната недела од 2024 година беше значајна за EarthCare.ai, затоа што обезбеди 350.000 американски долари pre-ceed инвестиција од South Central Ventures, придружуван од Zephyr Angel Network.
EarthCare.ai на Горјан Јовановски глобална климатска платформа која дава увид во сложени климатски податоци. Климатската криза создава штети од над 300 милијарди долари на глобално ниво секоја година, а оваа сума се зголемува за 15% од година во година.
„Податоците за климата тешко се наоѓаат, потешко се анализираат и екстра тешко се извлекуваат увиди. Тоа е местото каде што доаѓаме – нашата технологија претвора терабајти податоци од сателити, радари и копнени станици во детални извештаи што секој засегнат од компанијата може да ги искористи за да ги разбере заканите со кои се соочила и ќе се соочи локацијата“. – вели Горјан Јовановски, извршен директор на EarthCare.ai.
Платформата има пристап до 30 години историски податоци и ги користи најновите најсовремени модели на проекција за да предвиди закани до 75 години во иднина под различни сценарија за емисија на стакленички гасови. Клиентите можат да гледаат податоци за која било локација на глобално ниво преку веб-интерфејс, PDF извештаи или да ги интегрираат во постоечките системи преку API за автоматизирање на внатрешните процеси.
Податоците се применливи во повеќе индустрии како ергетскиот и осигурителниот сектор, додека консултантски компании ја користат за генерирање извештаи за ризик од климатски ризици. Мултинационалните енергетски компании како Uniper веќе ја користат платформата за да ги подобрат своите способности за прогнозирање и за да обезбедат соодветно обезбедување на енергија во сè попроменлива средина.
Тимот на EarthCare.ai е составен од наградуваните инженери на ОН, Горјан Јовановски и Драган Гелевски, чија работа е претставена од Google, Forbes, BBC, NY Times, Washington Post, WIRED, а нивниот претходен производ го користат милиони луѓе ширум светот . Обезбедените средства ќе бидат искористени за унапредување на развојот на платформата, зајакнување на тимот и проширување на портфолиото на нивните клиенти.
Неодамна во рамки на Inovativnost Insights, серијалот видео интервјуа со македонски иновативни претприемачи, гостуваше Горјан Јовановски кој во детали ни раскажа за мисијата на EarthVre.ai платформата. Погледнете го целото видео: