ВИДЕО: Костим со кој го чувствувате виртуелниот свет

- Advertisement -


На CES корејската компанија iPop го изложи костимот EmoTense XR под слоганот „Остави го виртуелното, живеј го вистинското“, наменет првенствено за употреба во светот на VR.

EmoTense XR е сè-во-едно хаптички костим со снимање движења и тактилни повратни информации, синхронизација на движење и дигитална содржина во реално време.

- Advertisement -

Повратните информации од виртуелниот свет на вашата кожа ги обработува EmoTense Haptic Engine користејќи алгоритам за машинско учење, кој ги анализира деталните движења на корисниците и настаните од содржината во реално време, а потоа автоматски дава тактилни повратни информации, како што можете да видите на видеото во прилог.

Двослојниот хаптички модул, кој комбинира вибрации и електрична стимулација на мускулите, способен за детален и широк хаптички излез, го трансформира дигиталното искуство на корисникот во искуство од реалниот свет.

- Advertisement -

Во играта, на пример, ако некој биде застрелан, тој ќе почувствува удар на одреден дел од своето тело во реалноста, но се надеваме дека нема да биде толку драматично како некои научно-фантастични филмови каде што имаат хаптички костими и доаѓа до фатални исходи во реалниот живот.

Од iPop вели дека десетгодишното истражување за снимање на движењето и хаптичката повратна информација се гаранција за квалитетот на податоците со помош на вештачка интелигенција, а тие исто така ги користеле податоците од истражувањето за да ги обучат работниците за безбедноста.

- Advertisement -

Сè уште не е познато кога EmoTense XR ќе биде достапен за продажба и по која цена.

(Vidi.hr)

(фото: iPop)

Сподели!
- Advertisement -