Во денешниот брз и динамичен свет, секој љубител на добрата храна знае дека времето е драгоцено. Orderr е идеално решение за оние кои сакаат да уживаат во вкусната храна, без да жртвуваат време и удобност. Со фокус на потребите на современиот потрошувач, Orderr нуди услуги кои го олеснуваат секојдневието.
Oваа апликација го поедноставува процесот на нарачка на храна, доставата и резервацијата на маса.
Апликацијата нуди бесплатна достава до 4 км, каде и да се наоѓате. Без разлика дали сте дома, на работа или во парк, вашата омилена храна ќе пристигне точно на време, без дополнителни трошоци.
Единствено што треба да направите е да нарачате.
За оние пак кои сакаат максимална удобност, Orderr нуди опција за pre-order и само-подигнување на нарачката. Без чекање, без гужви, само изберете кога сакате да ја подигнете храната и таа ќе ве чека подготвена и свежа.
Orderr е идеална и за потрошувачите кои сакаат да избегнат чекање и да се движат во сопствен ритам. Една од најуникатните можности на оваа апликација е и опцијата за резервација на маса. За секој кој сака да обезбеди слободна маса во омилените ресторани од градот, Orderr нуди можност за лесна резервација.
Без потреба за телефонирање или чекање во редови, само внесете ги своите детали и осигурајте си место. Orderr ја овозможува опцијата за скенирање на QR код и прегледување на менијата во рестораните.
Нема повеќе чекање на хартиени менија, доволно е само да скенирате и изберете што сакате да јадете. Преземете ја апликација сосема бесплатно и уживајте во апликацијата за безброј апетити