- Advertisement -
Неделава ќе почне со работа производствениот капацитет на канадската компанија „Магна“. Оваа странска инвестиција во Штип се очекува да отвори 500 до 600 ново работни места. Според најавите станува збор за инвестиција од 45 до 50 милиони евра.
Во овој произвиодствен капацитет ќе се призведуваат интегрирани системи од механички и електронски компоненти за автомобилскаат индустрија.
- Advertisement -
Во ТИРЗ Штип, која е најголема зона со површина од 206.45 хектари лоцирана е северозападно од Штип, при влезот од правец на Скопје активно работат три компании, од кои едната се занимава со производство на производи наменети за автомобилската индустрија, другата со технички текстил и третата – со топлотни разменувачи за бојлери.
- Advertisement -