Vip воведува дигитална платформа наменета за сите деловни корисници

- Advertisement -

Со цел засилување на процесот на дигиталната трансформација во општеството, телекомуникациската компанија Vip оди чекор понапред и своето портфолио го збогатува со дигитална платформа преку која сите деловни корисници добиваат можност за уште понапредни дигитални решенија за уште поуспешен бизнис.

Дигиталната платформа во моментов ги нуди Microsoft Office 365 и Ikarus Cloud Security со кои корисниците добиваат современи решенија за продуктивност, комуникација, соработка и безбедност на компаниите. Деловните корисници со дигиталната платформа сега можат самостојно да управуваат со нивната сметка за дигитални услуги која вклучува активација и деактивација на услуги и лиценци, конфигурирање на сервисни параметри, доделувње на лиценци на поединечни корисници, детален преглед на претходни нарачки и надоместоци за нарачаните услуги, можност за промена на бројот на активни лиценци (активирање и деактивирање на поединечни лиценци) и многу други можности.

- Advertisement -

Office 365 решението на Microsoft кое е наменетo за сите компании од која било дејност им овозможува на вработените пристап до корпоративните апликации, податоци и ресурси од кое било место и од кој било уред со што работата е едноставна и ефикасна, а при тоа компаниите заштедуваат време и може да ги намалат своите трошоци.

Преку Vip, деловните корисници добиваат продукт кој содржи повеќе Office апликации и други Microsoft услуги кои најчесто се користат во канцелариско опкружување, достапни во секое време, на сите уреди и зависно од лиценцата можат да се инсталираат на до 5 PC компјутери, 5 таблети и 5 смарт телефони како и целосна 24-часовна техничка поддршка.  За месечен надомест од 249 денари, корисниците добиваат Веб-верзии на Outlook, Word, Excel и PowerPoint, Вклучени cloud услуги (Exchange, SharePoint, OneDrive, Skype for Business, Microsoft Teams, Yammer), како и  Е-мејл хостинг со 50GB простор во сандаче и прилагоден домен за е-мејл адреса,  1 TB простор на OneDrive за чување и споделување.

- Advertisement -

Втората алатка во дигиталната платформа на Vip е Ikarus Cloud Security помага целосно во заштита на компаниските е-мејл сандачиња, веб сурфање и сите компјутери и лаптопи од крадење на податоци и несакани ситуации.

Во портфолиото на Vip има три продукти на Ikarus Cloud Security. IKARUS web.security кој го филтрира интернет сообраќајот од несакани комуникации, потенцијално опасни сајтови, хакерски напади, и други интернет закани. IKARUS mail.security кој ги скенира сите пораки за вируси и спам со што секоја е-мејл адреса поминува низ бројни проверки и врз основа на конфигурацијата, безбедните пораки се доставуваат без забележливо одложување. IKARUS anti.virus кој открива нови и постојни закани од секаков вид ги штити личните податоци и компјутер од сите видови на малициозен софтвер, спам и малициозни е-мејл пораки.

- Advertisement -

Во иднина, портфолиото на дигитални услуги достапни на дигиталната платформа ќе се прошири со додавање на нови услуги и нови типови на лиценци при што сите ќе бидат достапни преку иста корисничка сметка на платформата.

Сподели!
- Advertisement -