Oд денес нови цени на горивата

- Advertisement -

Од денеска Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и дизелот поскапуваат за два денара за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата малопродажна цена на литар Еуросупер БС-95 ќе чини 73,5 денари, литар Еуросупер БС-98 ќе се продава за 75,5 денари, а литар дизел за 66 денари.

- Advertisement -

За денар и половина поскапува и Екстра лесно масло и килограм од полноќ ќе чини 65,5 денари. Со одлуката на РКЕ се зголемува и цената на мазутот чија цена од полноќ ќе биде 37,155 денари за килограм.

Сподели!
- Advertisement -