Паметните очила на Meta наскоро ќе ве препознаваат на улица без ваше знаење

- Advertisement -


Meta моментално е неприкосновен лидер на пазарот на паметни очила, со продадени над два милиони Ray-Ban модели од 2023 година. Компанијата сега се обидува да ја зацврсти својата доминација со следната генерација на уреди, Meta Ray-Ban Glasses Gen 3, која се очекува да биде претставена на настанот Meta Connect 2025 година во септември.

Сепак, една од планираните карактеристики сериозно ги вознемирува експертите и пошироката јавност: препознавањето на лицето. Имено, Meta развива технологија за препознавање лице која би можела да се интегрира не само во паметните очила, туку и во други уреди. Иако компанијата не даде официјален коментар, во извештајот се наведува дека Марк Цукерберг и извршниот тим веќе некое време ја разгледуваат опцијата.

- Advertisement -

Ако ова се реализира, Meta очилата би можеле да идентификуваат луѓе врз основа на нивните лица во реално време, целосно незабележливи за набљудувачот. И додека тоа звучи импресивно од техничка гледна точка, импликациите за приватност се огромни. Освен тоа, двајца студенти од Харвард создадоа прототип на софтвер кој со помош на Meta очилата не само што го препознава лицето на една личност, туку и ја прикажува неговата адреса, телефонскиот број и членовите на семејството, и сето тоа во реално време.

Додадете го на тоа фактот дека Meta очилата се дизајнирани да изгледаат како обични Ray-Ban очила за сонце, јасно е зошто тоа е рецепт за злоупотреба. Цукерберг, пак, ова на ова гледа како на иднина. За време на неговиот последен квартален извештај до инвеститорите тој изјави дека паметните очила се „идеална форма за вештачка интелигенција“. Според неговите зборови:

- Advertisement -

„Тие дозволуваат вештачката интелигенција да го види она што го гледате, да го слуша она што го слушате и да разговара со вас во текот на денот“.

Звучи како научна фантастика, но проблемот е што вештачката интелигенција го прави ова не само со ваша согласност, туку и без согласност на другите луѓе во вашето видно поле.

- Advertisement -

Кон крајот на април Мeta дополнително ги вознемири корисниците со ажурирање на политиката за приватност за своите паметни очила. Новите правила ја отстрануваат можноста корисниците да се откажат од зачувувањето гласовни команди на облак серверите, што значи дека сите интеракции со помошникот Мeta AI автоматски ќе се снимаат и ќе се зачувуваат.

(Laptopmag)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -