Women in Tech Macedonia во соработка со Infinum ги поканува сите љубители на технологијата, јуниор програмери, оние кои сакаат да направат кариерна промена, како и искусни ИТ професионалци, на настан кој ќе понуди вечер исполнета со практични совети, инспиративни искуства и насоки за градење на успешна кариера во ИТ индустријата.
Настанот, со наслов Како да изградиш успешна кариера во технологијата, ќе се одржи на четврток, 22 мај, во просториите на Infinum во Скопје, (ул.Максим Горки 13), и ќе понуди три силни предавања– секое со цел да ги инспирира и насочи учесниците кон сопствениот пат во ИТ индустријата.
Говорници на овој настан се Дамјан Димовски, iOS тим лидер во Infinum, кој ќе ја сподели својата приказна за личен и професионален развој – од почетни предизвици до водење на тим од 10 девелопери низ регионот. Потоа, Томислав Хабалија, JavaScript тим лидер во Infinum, ќе зборува за тоа што значи да се биде девелопер кој вештачката интелигенција не може да го замени и ќе сподели конкретни совети за кариерен раст. Следниот говорник е Филип Амбруш, QA тим лидер во Infinum, ќе сподели како од студии по историја преминал во ИТ и како континуираното учење и практичното искуство му помогнале да стигне до лидерска позиција.
По предавањата следува панел-дискусија на тема Иднината на ИТ кариерите и како да се развиваш во свет што постојано се менува. Панелот ќе го модерира Моника Ризовска Таневска, директорка на Women in Tech Македонија. Заедно со говорниците на настанот, таа ќе дискутира за идните вештини во ИТ, справување со предизвици и градење стабилна кариерна патека.
Настанот ќе го заокружиме со вмрежување и неформална дружба, обезбедете го своето место на овој линк. Настанот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани.
Да зборуваме за раст, истрајност и што навистина значи да успееш во ИТ индустријата.