Поради недостиг на пилоти, швајцарскa авиокомпанија летово откажува 1.400 летови, вкупно 1,5% отсто од летовите од април до септември. Мерката се однесува на летовите на долги релации, како и на мрежата на летови на кратки и средни дестинации, се вели во соопштението на авиокомпанијата, која е подружница на Луфтханза.
Според веб-страницата Aerotelegraph, невообичаено голем број пилоти се надвор од служба долги временски периоди, наводно поради бременост и несреќи.
Дополнително, ресурсите се трошат од страна на екипите за обука на новиот авион “Airbus А350”.
Согласно колективниот договор, со кој се подобриле одредбите за работното време, требало да се ангажираат околу 70 работници со полно работно време.
Како краткорочно олеснување, некои постари пилоти го одложуваат пензионирањето, а персоналот со скратено работно време го зголемува своето работно време.
(Bizlife)