Проф. д-р Крлиу: Посветеноста на УАКС семејството е темелот на нашиот успех

- Advertisement -

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) годинава одбележува 20 години постоење. Универзитетот изминативе две децении се етаблира како водечка приватна високообразовна институција, препознатлива по моделот на образование кој успешно ги обединува вредностите ипрактиките на американските и европските академски традиции, и која демонстрира континуирана посветеност на академскиот развој, иновативноста и достапноста на квалитетно образование.

Во интервјуто со проф. д-р Венера Крлиу – проректор за настава, претседателка на Одборот на директори на УАКС, директорка на Американската Гимназија Скопје, таа се осврнува на визијата и вредностите преку кои УАКС е успешна приказна веќе 20 години, се навраќа на почетоците на универзитетот, на клучните личности кои стојат зад оваа успешна образовна институција, на улогата на студентите, како и на предизвиците со кои се сретнале и вели дека сѐ започнало како „храбра, можеби и амбициозна идеја“ поттикната од вербата која нејзиното семејство ја имало во неа. 

- Advertisement -

„Тоа за мене беше многу повеќе од поддршка – тоа беше момент што ми го трасираше патот и ми покажа колку е важно кога некој верува во тебе“ вели проф. Крлиу, која го гледа универзитетот не само како институција, туку како семејна приказна и простор во кој се негуваат знаење, интегритет и човечност. „ И токму затоа денес УАКС го гледам како семејство – затоа што така започна. Со семејна поддршка, со почит, со доверба, со желба да се создаде нешто што ќе трае и ќе има вистинско влијание.“ посочи проф. Крлиу.

Таа често го нарекува УАКС „семејство“, нешто што, според неа, не е само фраза, туку суштина на секојдневното функционирање. „Без разлика дали станува збор за одлуки, предизвици или успеси – инсистирам сето тоа да го правиме заедно,“ додава таа. По повод 20-годишнината, нејзината порака до вработените е јасна: „Благодарам. За посветеноста. За човечноста. За тоа што вложувате срце и душа. Да продолжиме заедно да создаваме разлика и убави спомени.“

- Advertisement -

Да се биде професорка, проректор за настава, претседателка на Одборот на директори на УАКС и директорка на Американската гимназија е нешто многу повеќе од титули – тоа е секојдневен предизвик што проф. Венера Крлиу го прифаќа со страст и целосна посветеност. „Животот ме научи дека ништо вредно не доаѓа лесно – но и дека сè што е искрено и полно љубов, вреди“ вели проф. Крлиу. Балансот меѓу академската и менаџерската улога, како што објаснува, станува можен кога работата ја правиш со љубов, а тимот е силна поддршка. На прашањето што ѝ е најдрагоцено од професорската улога, одговорот е јасен – интеракцијата со студентите. „Честопати тие ме учат мене. Нивната искреност и креативност се моја инспирација и потсетник дека учењето е двонасочен доживотен процес.”

За иднината на УАКС пак, проф. Крлиу во интервјуто испраќа порака до целиот тим на: „Во ова време на постојани промени, да не заборавиме на моќта на заедништвото и визијата што ја делиме. УАКС е нашата заедничка куќа – место каде што растеме, се поддржуваме и градиме подобро општество.“

- Advertisement -

Дваесетгодишниот јубилеј на Универзитетот Американ Колеџ Скопје не е само симболична бројка – тој претставува две децении визија, посветеност и заедништво. За проф. Венера Крлиу, оваа прослава е од особено значење токму затоа што стои зад конкретни вредности што го обликувале УАКС од самиот почеток. Јубилејната програма, како што најави проф. Крлиу, опфаќа неколку значајни настани: доделувањето на титулата Professor Honoris Causa на проф. д-р Светлана Мојсов – светски призната биохемичарка, членка на Американската академија на науки и професорка на Рокфелер Универзитетот, понатаму традиционалниот настан за вработените и нивните семејства, под мотото „Family First“ во мај, Летната школа по архитектура во јули, бизнис-настан во септември, и Едукативен форум за иднината на високото образование во ноември. „Секогаш сме биле предводници на новите идеи – така ќе биде и понатаму,“ нагласува проф. Крлиу, додавајќи дека УАКС веќе работи на нов меѓународен проект што ги спојува сите нивни вредности, за кој повеќе детали ќе бидат објавени до крајот на годината. „Пораката е едноставна, но силна – приказната на УАКС продолжува. А најдоброто следи.“ вели проф. Крлиу.

Сподели!
- Advertisement -