Samsung повторно го редефинира значењето на премиум таблет искуството. Уште со лансирањето на серијата таблети Galaxy Tab S10, границите помеѓу таблет, лаптоп и креативна работна станица станаа речиси незабележливи. Оваа серија не е дизајнирана само за оние што сакаат елегантен дизајн и силни спецификации, туку за оние што создаваат, менаџираат, уредуваат и замислуваат иднина, во движење.
Моќ во тенко тело
Првото нешто што се забележува кај серијата Galaxy Tab S10 е елегантниот дизајн. Ултратенко алуминиумско тело, симетрични рамки и минималистички пристап кој не само што изгледа естетски, туку овозможува и практична употреба, особено при работа со S Pen. Секој модел од серијата – од Galaxy Tab S10+ до врвниот Galaxy S10 Ultra, доаѓа со Dynamic AMOLED 2X екран, со неверојатна острина, резолуција и прилагодливи освежувања до 120Hz. Работата на графички задачи, читање техничка документација или едноставно binge гледање серија во 4K, станува визуелно задоволство.

Перформанси кои не прават компромис
Моделите од серијата Galaxy Tab S10 работат со најновите Snapdragon чипови, подготвени да се справат со мултитаскинг, видео рендерирање, 3D моделирање и demanding productivity апликации. Благодарение на оптимизацијата на One UI за таблети, добиваме корисничко искуство што делува природно дури и при split screen на три прозорци. Плус, со поддршката за Samsung DeX, таблетот лесно се претвора во десктоп систем, доволно е да се приклучи на монитор и да се додаде тастатура.
RAM меморијата оди до 16GB кај Ultra моделот, додека просторот за складирање се движи до 1TB, со можност за microSD проширување. Со други зборови – нема да ви недостига брзина или простор, без разлика дали сте UI/UX дизајнер, архитект, инженер или продуцент на подкасти.
S Pen: прецизност на ново ниво
Она што ја издвои Samsung Galaxy Tab S серијата отсекогаш, е пенкалото S Pen, а кај Samsung Galaxy Tab S10 тоа станува уште попрецизно. S Pen е совршено за дигитални уметници, но и за сериозни белешки во PDF документи, mind mapping или бележење идеи во текот на состаноци. Работата со него е како да користите пенкало на хартија, но со можност за undo и cloud backup.

Софтвер што работи за вас
One UI 8 на Samsung Galaxy Tab S10 серијата не е само оптимизиран за голем екран, туку го користи Galaxy AI за да го прилагоди искуството според начинот на работа. Од паметни предлози, до препознавање на навики и автоматизација на задачи, таблетот учи како работите и се обидува да ве следи во ритам.
Samsung ја продолжува својата мисија за беспрекорно поврзување, така што Samsung Galaxy Tab S10 таблетите работат беспрекорно со Galaxy телефони, Buds и монитори. Континуитетот помеѓу уредите е речиси беспрекорен. Од drag-and-drop на фајлови до copy-paste на текст помеѓу апликации и уреди.
Повеќе од таблет
Samsung Galaxy Tab S10 Series не е само технолошка алатка туку партнер во креативниот и професионалниот процес. Овие таблети се создадени за визионери: луѓе што не гледаат само што е можно, туку и што е следно. А кога ваквата моќност е спакувана во стил, преносливост и софтверска интелигенција, станува јасно зошто овие таблети се вистински ѕвезди во својата класа.