Годишните емисии на јаглерод диоксид (CO2) од трансакциите со биткоин моментално изнесуваат 98 милиони тони, јавуваат швајцарските медиуми.
За споредба, емисиите на стакленички гасови во Швајцарија изнесуваат околу 41 милион тони годишно, пишува Swiss Info.
Само една трансакција со оваа криптовалута моментално емитува речиси исто толку CO2 колку 105.000 часа гледање на YouTube, или како обработка на 1,4 милиони трансакции со Visa картичка.
Трансакциската мрежа на биткоин се заснова на решавање сложени криптографски загатки, процес познат како рударење..
За време на рударењето многу рудари се натпреваруваат меѓу себе, но само еден на крајот победува, а се троши многу електрична енергија, што често доаѓа од потрошувачката на фосилни горива, а тоа доведува до високи емисии на CO2.
(Swiss Info)