Со донација на 2000 садници сезонско цвеќе ТИТАН Усје го одбележа

- Advertisement -

Светскиот ден на животната средина – 5 ти јуни

Над 2000 садници сезонско цвеќе беа поделени во општина Кисела Вода во рамките на волонтерската акција што ја организираше ТИТАН Усје по повод одбележувањето на Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни. На настанот, менаџментот на компанијата и над 40 вработени на жителите на општината Кисела Вода во паркот „Шопен“ и во паркот кај културниот дом „Билјана Беличанец“ делеа садници со сезонско цвеќе.

- Advertisement -

Акцијата за одбележување на „Светскиот ден на животната средина – 5 Јуни, ТИТАН Усје ја спроведува со Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и еко инженеринг „Ханс – ЕМ“. На настанот учествуваа и претставници од оваа академска институција, како дел од соработката со ТИТАН Усје во рамките на меморандумот за соработка кој беше потпишан неодамна.

Како дел од акцијата беа донирани и садници кои ќе бидат засадени на посебна локација на територијата на општината Кисела Вода. Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина е во рамките на активностите на ТИТАН Усје за одбележување на јубилејот 70 години од основањето.

- Advertisement -

Компанијата ТИТАН Усје во континуитет работи на развој и реализација на проекти од интерес на заедницата.  Во проекти од областа на заштитата на животната средина, образованието, како и соработка со академската заедница, досега се инвестирани 950.000 евра. ТИТАН Усје неодамна го започна и проектот „Иноваториум – клуб на напредни знаења и вештини“, во рамките на кој, за само неколку месеци, над 200 ученици од основните училишта од општина Кисела Вода поминаа обука за 3Д печатење.

Сподели!
- Advertisement -