И Франција планира забрана за социјалните мрежи за децата

- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе им забрани на децата под 15 години да користат социјални мрежи доколку наскоро не се постигне напредок по ова прашање на ниво на Европската унија. Одлуката следуваше после вчерашниот фаталниот напад на ученици врз 31-годишен училишен началник пред основно училиште во градот Ноџент.

Тој нагласи дека прекумерната употреба на социјалните медиуми кај децата е фактор на ризик и дека воведувањето на контроли за возраста може да помогне во заштитата на младите.

- Advertisement -

Грција, со поддршка на Франција и Шпанија, веќе води иницијатива во ЕУ за ограничување на времето што тинејџерите го поминуваат онлајн, но Макрон сака Франција да преземе акција дури и пред евентуална заедничка европска одлука.

Макрон најави и дополнителни безбедносни мерки, вклучително и проверка на возраста на корисниците на сајтовите кои продаваат ножеви преку Интернет. Тој најави големи казни и забрани за сајтови кои не ги почитуваат.

- Advertisement -

„Едно 15-годишно момче повеќе нема да може да купи нож преку Интернет“, рече претседателот.

Францускиот премиер Франсоа Бајру претходно изјави дека сака да ја забрани продажбата на сите ножеви на малолетници. Француските власти веќе преземаат чекори за да ги принудат платформите како што се X, Reddit и Bluesky да спроведат проверка на возраста, третирајќи ги како сајтови со содржина за возрасни.

- Advertisement -

На 7 јуни Франција донесе мерки со кои се бара од порнографските веб-страници да ја потврдат возраста на нивните корисници. Како резултат на тоа, веб-страницата Pornhub отиде офлајн во земјата, предизвикувајќи пораст на употребата на VPN услуги кои ја заобиколуваат геолокацијата.

(Bizlife)

(фото: Get Arhive)

Сподели!
- Advertisement -