Oфицијално заврши снимањето на втората сезона од The Founder Games регионалното стартап реално шоу што не е само натпревар, туку и отскочна даска за раст на претпримачите. Финалето беше заокружено со Demo Day, кулминација на четиримесечната акцелераторска програма во која учествуваа 40 избрани стартапи од цела Југоисточна Европа.
The Founder Games покажа реален импакт врз развојот на стартапите, не само преку финансиска поддршка туку и преку менторство, работа со експерти и јавна видливост преку самото реално шоу што допрва ќе се прикажува на малите екрани.
Втората сезона е снимена на локации низ Скопје и ќе биде премиерно објавена оваа есен. За време на снимањето, стартапите се соочуваа со реални предизвици и по пат на елиминација, победничкиот тим наесен заминува за Силициумската Долина во САД и осигура инвестициски тек од 2 милиони евра.
Зад секоја сцена, секоја тематска епизода и секој аплауз на The Founder Games стои тим што ја претвори стартап приказната во вистинско визуелно шоу. Под водство на режисерот Трифун Ситниковски и продукцискиот тим на Tomislav Zivkovic Production, The Founder Games не само што документираше, туку и создаде цел свет околу храбрите основачи и нивните стартапи. Од адреналинските моменти зад сцена до динамичните кадри на презентација пред инвеститори – секој детал е внимателно осмислен. Ова не е само натпревар, туку искуство – благодарение на луѓето зад камера кои веруваат дека и стартапите заслужуваат сцена со холивудска тежина.
Првиот официјален трејлер за втората сезона е објавен и со нетрпение и голема возбуда ги одбројуваме деновите до премиерата на првата епизода оваа есен.
Продукцијата ветува содржина што ќе инспирира, едуцира и забавува, со фокус на вистинскиот предизвик на градење бизнис од нула од сите аспекти, особено оние негативните за кои никој не сака да зборува јавно.
За време на акцелераторската програма, учесниците добија:
- – директен пристап до ментори и претприемачи со глобално искуство
- – интензивни работилници на теми како fundraising, продажба, growth, pitching и правна структура
- – вмрежување со корпорации и почеток на вредни преговори и соработки
- – видливост пред поширока публика преку видео формати од снимањето
- – старт на инвестициски тек и преговори во вкупен износ од над 6 милиони евра
- – можност да ги тестираат своите производи и услуги со реални корисници


Demo Day-от привлече повеќе од 30 инвеститори, меѓу кои ангел-инвеститори, фондови и претставници од регионалниот и глобален екосистем. Оваа интеракција им овозможи на стартапите директен пристап до клучни играчи, а на инвеститорите им овозможи ексклузивен увид во потенцијални компании за следната инвестиција.
The Founder Games продолжува да ја гради својата мисија за да го подигне претприемничкиот дух во регионот и да овозможи реални шанси за оние што преземаат ризик.
Третата сезона е веќе во подготовка, следете не’ на нашите социјални медиуми и веб-страна за да бидете во тек со нашите новости.

