Samsung официјално најави дека Galaxy Unpacked 2025 настанот ќе се одржи во Бруклин, Њујорк на 9 јули во 16 часот по средноевропско време.
Samsung подготвува Ultra напад на пазарот на телефони со преклопен Android екран: Galaxy Z Fold7 и Flip7 пристигнуваат на 9 јули.
На медиумскииот настан се очекува претставување на новата генерација на телефони со преклопен екран: Galaxy Z Fold7 и Galaxy Z Flip7, а според сè почестите најави, можно е и деби на буџетскиот модел Galaxy Z Flip7 FE.
Samsung веќе објави промотивно видео во кое повторно го нагласува исклучително тенкиот дизајн на Z Fold7, со дебелина од само 9 мм во преклопена состојба и 4,5 мм кога е отворен, што го прави најтенкиот премиум преклопен телефон во историјата на Samsung – иако не и најтенок глобално.
Особено внимание предизвика слоганот Ultra Unfolds во промотивните материјали. Сè уште не е јасно дали станува збор само за маркетиншки ефект или за најава на нов Ultra модел од преклопната серија. Во секој случај, Samsung има намера да го позиционира Fold7 како Ultra уред, како во однос на спецификациите, така и во однос на корисничкото искуство.
На поканата за настанот јасно е истакнато дека AI ќе биде во центарот на сите нови Galaxy уреди, со посебни навестувања за редизајниран кориснички интерфејс кој во голема мера се потпира на AI асистенција. Се очекува Samsung подетално да ги прикаже подобрувањата на своите Galaxy AI функции, кои веќе станаа значаен дел од серијата Galaxy S24.
Се очекува и претставување на новата серија паметни часовници Galaxy Watch 8, како и проширување на портфолиото на уреди за носење. Покрај тоа, можно е Samsung да открие и дополнителни информации за Android XR уредот што го развива во соработка со Google – новата генерација на „проширена реалност“ која треба да биде конкуренција на Apple Vision Pro платформата.
Во секој случај, 9 јули ветува значаен чекор напред во сегментот на преклопни смартфони, како во однос на дизајнот, така и на функционалноста, со AI како клучен адут.
(Konekt.mk)