Во понеделник, на 30 јуни во CoWork 21, на Улица Македонија бр 8 – Скопје, ќе се одржи ABSL Networking Meetup – регионален настан кој има за цел да го поврзе бизнис-секторот, стартапите, институциите и експертите од областа на дигиталните услуги, човечки ресурси и BPO индустријата (Business Process Outsourcing). Настанот започнува во 14:00 часот, а регистрацијата е бесплатна и отворена за јавноста.
ABSL (Association of Business Service Leaders) е водечка организација за развој на деловните и технолошките сервиси во Централна и Источна Европа, а преку овој настан започнува иницијатива за основање на ново регионално поглавје во Западен Балкан.
Клучни теми на настанот:
• Како да се гради инклузивна и конкурентна дигитална економија во регионот?
• Иднината на трудот и улогата на човечкиот капитал во BPO секторот
• Потенцијалот на С. Македонија како дестинација за паметни инвестиции и услуги
Настанот ќе биде можност за директна размена на искуства, воспоставување партнерства и отворање нови професионални перспективи. Најавени се и интересни домашни и меѓународни говорници.


Кого го покануваме?
Компании и лидери во областа на дигитални и аутсорсинг сервиси, HR менаџери, проектни тимови, стартап основачи, претставници на институции и професионалци заинтересирани за иднината на работата, иновациите и регионалната соработка.
Овој настан е организиран од ABSL во партнерство со RECONOMY, регионална програма поддржана од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој (Sida) спроведувана од Helvetas. Програмата има за цел да придонесе кон зелена и инклузивна економска трансформација на Западен Балкан.

