Интервенциите се дел од Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“,

- Advertisement -


Со објавување на три отворени повици наменети за различни чинители од областа на туризмот, денеска во Ресен во рамките на програмата „ЕУ за Преспа“ беше означен почеток на активностите од проектот за одржлив туризам со најава за низа активности. Интервенциите ќе се реализираат до јуни 2027 години и ќе бидат во висина до 1 милион долари.

Отворените повици ќе се фокусираат на обуки и менторство за управување со сместувачки капацитети, развој на одржливи туристички производи и унапредување на односите со клиентите, Повик за доделување грантови за даватели на сместувачки услуги со цел унапредување на нивните капацитети и услуги и повик за доделување грантови на граѓански организации за развој на одржливи туристички производи.

- Advertisement -

Развојот на туризмот во Преспа претставува клучен столб на нашата локална економија. Оваа област, со својата извонредна природна убавина и богата култура, нуди огромен потенцијал кој мора целосно да се валоризира. Како општинска администрација, во тесна соработка со централните власти и сите заинтересирани страни, посветено работиме за ревитализација на регионот искористувајќи ја уникатната положба меѓу величествените национални паркови Пелистер и Галичица.“ – истакна Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски.

Дополнително, потпишан е Меморандум за соработка помеѓу УНДП, Општина Ресен и двата национални парка, Галичица и Пелистер, за развој на интегрирана туристичка инфраструктура на отворено. Овој заеднички потфат ќе опфати обележување и уредување на 100 километри велосипедски патеки и 70 километри пешачки патеки, кои ќе поминуваат низ заштитени подрачја во Преспа.

- Advertisement -

Постојаниот преставник на УНДП, Армен Григорјан ја истакна важноста од развојот на туризмот во целиот преспански регион како катализатор на локалниот економски развој и отворање можности за сите, а посебно за младите. „Заедно со вклучените партнери работиме на реализацијата на заедничката визија за Преспа — како уникатна туристичка дестинација со заштитена животна средина и активни, „зелени“ заедници “ – заклучи Григорјан.

Проектот “Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природните ресурси и унапредување на одржливото земјоделство и туризам“, како дел од интегралната програма „ЕУ за Преспа“ финансирана од Европската Унија и реализиран од УНДП е насочен кон одржливо управување и користење на природните ресурси во преспанскиот регион, со цел подобрување на квалитетот на живот и економски развој преку нови „зелени“ патишта во земјоделството и туризмот.

Сподели!
- Advertisement -