Се отвора првиот ресторан во светот со којшто ќе управува вештачка интелигенција

- Advertisement -

WOOHOO, ресторан кој се претставува како „ресторан на иднината“, треба да се отвори во септември во центарот на Дубаи, многу блиску до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа. Храната во WOOHOO засега ќе ја подготвуваат луѓе, но сè друго – од менито до амбиентот и услугата – ќе биде дизајнирано од кулинарски модел создаден од вештачка интелигенција наречен Chef Aiman.

Aiman, комбинација од зборовите „AI и „manк“, е обучен од децении истражувања за науката за храна, податоци за молекуларен состав и повеќе од илјада рецепти од кулинарските традиции ширум светот, рече Ахмет Ојтун Чакир, еден од основачите на WOOHOO.

- Advertisement -

Иако Aiman не може да ги вкуси, помириса или да комуницира со своите јадења на начин на кој би го направил еден готвач, тој работи така што ги разложува јадењата на нивните составни делови како текстура, киселост и така натаму и ги составува во необични комбинации на вкусови и состојки, според развивачите на Aiman.

Потоа, овие прототипови ги усовршуваат човечки готвачи, кои ги пробуваат комбинациите и даваат насоки, во обид предводен од познатиот дубајски готвач Реиф Отман.

- Advertisement -

„Нивните одговори на моите предлози ми помагаат да го усовршам моето разбирање за тоа што функционира надвор од само податоци“, објасни Aiman во интервју.

Целта, велат креаторите на Aiman, не е да се замени човечкиот елемент на готвењето, туку да се надополни. Aiman е дизајниран да развива рецепти кои повторно ги користат состојките што рестораните често ги фрлаат, како што се остатоци од месо или маснотии, рече тој.

- Advertisement -

На долг рок, основачите на WOOHOO веруваат дека Aiman би можел да биде лиценциран за ресторани низ целиот свет, со што ќе се намали кујнскиот отпад и ќе се подобри одржливоста.

(Zimo)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -