Основачот на „Мета“, Марк Закерберг, објави дека компанијата инвестира стотици милијарди долари во инфраструктура за да изгради она што тој го нарекува „суперинтелигенција“. Како дел од овој амбициозен план, се градат голем број центри за податоци и суперкластери со вештачка интелигенција, со цел да се има највисока компјутерска моќ во целата индустрија.
Според последното обраќање на Закерберг на Фејсбук, првиот од тие центри се нарекува Прометеј и е предвидено да биде оперативен во 2026 година. По него ќе следи уште помоќниот „Хиперион“, кој треба да достигне капацитет од дури пет гигавати (GW) во наредните години.
И двата центри се дел од поширока стратегија во која „Мета“ гради повеќе „титански кластери“, секој од нив покривајќи површина слична на дел од Менхетен. Според „СемиАнализис“, „Мета“ е на пат да стане првата компанија во светот што ќе лансира суперкластер со капацитет од повеќе од 1 GW.
„Фокусиран сум на составување на најелитниот и најталентиран тим во индустријата. Имаме капитал за да го оствариме ова, благодарение на силата на нашиот бизнис“, рече Закерберг.
Овие проекти претставуваат создавање услови за развој на следната генерација вештачка интелигенција или, како што ја нарекуваат, суперинтелигенција. Мета планира нејзините истражувачи да имаат многу поголема компјутерска моќ по лице отколку на кое било друго место, со цел да ги помести границите на технологијата за вештачка интелигенција.
Фото – Flickr