Пред речиси четири децении, кројачкиот салон на дедо Благој беше повеќе од бизнис – беше животната филозофија на еден човек кој веруваше во чесната работа, прецизноста и вредноста на дадениот збор. Мал простор, една машина за шиење, маса за кроење, неколку алати и бескрајна посветеност беа доволни за да создаде име што низ годините добиваше тежина.
Денес, тој ист простор го оживеа неговата внука Ана – припадничка на новата генерација претприемачи, кои истовремено го носат товарот на традицијата и силата на модерниот поглед. Со јасна визија за раст, Ана го следи текот на времето и знае дека успешната деловна приказна денес се темели не само на добар производ, туку и на способноста да се реагира брзо, навремено и стратешки.
Во нејзиниот бизнис свет, банката е продолжена рака на нејзината деловна амбиција. Интернет и мобилно банкарство, дигитални известувања, е-commerce, деловни картички и флексибилни кредитни решенија – сето тоа се алатки што ѝ овозможуваат да управува со бизнисот паметно, ефикасно и со визија за иднината. Таа ги задржа почитта кон занаетот, блискоста со клиентите и вредноста на семејното наследство. Но, сега со нови перспективи и можности.
Современите финансиски решенија на Комерцијална банка се основа за одржлив раст на малите и средните претпријатија. Сè што некогаш беше мало и локално има потенцијал да стане големо со:
Интернет банка – целосна контрола над финансиите на бизнисот 24/7 и плус пониски надоместоци за денарски трансакции до 60 % отколку на шалтер, лесен пристап до платежните сметки, депозити, картички и кредити, иновативни алатки за анализа на трошоци и персонализирани услуги, едноставна политика на потпишување, контрола на сметки и управување со лимити на платежни картички, следење на трансакциите извршени на ПОС терминал и во електронска трговија.
мБанкаКо – паметно управување со бизнис финансиите преку онлајн достапните можности за зголемени лимити за вршење ПП30 трансакции – лимит по налог до 1.000.000 денари и дневен лимит по сметка до 10.000.000 денари, продажба на девизи со можност за котација на курсеви, купување странски платежни средства.
Дигитални известувања и дигитално потпишување договори – сите важни работи ги знаеш и ги завршуваш веднаш. Со овие бесплатни дигитални услуги за секоја промена на состојба на сметка добиваш СМС или е-пошта, добиваш изводи, каматни листи за кредити, депозити, гаранции и заклучница преку е-пошта. А, со дигиталната платформа за потпишување договори, потпишуваш договори брзо, безбедно и едноставно, каде и да си.
E-commerce – го зголемуваш присуството на пазарот и ја отвораш продавницата за целиот свет. E-commerce услугата значи процесирање на сите Mastercard и VISA картички, целосна евиденција и извештаи, готови решенија за поголема продажба (зачувување картичка, повторувачки наплати, плаќање преку мобилни апликации, можност за целосно или делумно рефундирање), комплетна поддршка од тимот на Банката.
Дебитни и кредитни картички – дизајнирани да одговорат на секојдневните деловни потреби и да му овозможуваат на бизнисот флексибилност и безбедност.
Кредити икредитни линии – за обртни средства, инвестиции и развој, енергетска ефикасност и зелени технологии, поддршка на извозот, отворање работни места, поддршка на конкурентноста…
Кога имаш поддршка што ја разбира твојата визија, се чувствуваш посигурно во донесувањето бизнис одлуки. Без разлика дали штотуку почнуваш или веќе си на патот на раст, пристапот до практични, брзи и достапни финансиски решенија е токму она што ти е потребно за стабилен и успешен бизнис.