Подготви се! Леташ за Сеул за да го гледаш омилениот K-pop бенд во нивното прво големо враќање со целата постава. Билети за концертот? Обезбедени. Куфери? Спакувани. Летови? Резервирани. Но пред да го направиш првото селфи од аеродромот, има неколку детали што треба да ги испланираш.
Тука настапува Samsung Galaxy Z Fold7 — твојот главен сопатник со мултимодални способности за полесно, попаметно патување.
Најтенкиот и најлесен Fold од Samsung досега е компактна моќна алатка со камери со квалитет за креатори и AI функции што го прават совршен патувачки партнер. Превод: без стрес при патување, максимум фан чувства.

Пред патување: Отвори го твојот патувачки планер
Те очекува шоу кое се случува еднаш во животот, а ти за првпат патуваш во Сеул. Смири се. Galaxy Z Fold7 ќе се погрижи за деталите.
Притисни и задржи го страничното копче за да го повикаш Gemini. Внеси го датумот на концертот, адресата на хотелот и местата што сакаш да ги посетиш, па кажи:
„Те молам предложи план за 3 ноќи и 4 дена заедно со концертот“ и зачувај го во Samsung Notes.“
Gemini ќе ти направи целосен план, со посета на омилените фан кафулиња и местата поврзани со твојот омилен член од групата, за да го доживееш патувањето како вистински K-pop фан.
„Да спакувам маица или дуксер?“
Остави Gemini да ти препорача. Користи Camera Sharing на Gemini Live, покажи ги опциите за облека, прашај што најмногу одговара и добиј совет во реално време. Ќе ја земе предвид прогнозата за Сеул и активностите што ќе ги правиш. Нема повеќе преспакување – ќе остане повеќе простор за сите подароци и сувенири од концертот.
Кога ќе започне одбројувањето до полетување, Now Brief се грижи да си подготвен. Ќе ти ги покаже деталите од бординг пасот, моменталната временска состојба во Сеул и курсот на девизниот пазар – сѐ што ти е важно, достапно на прв поглед.

Од гејт до бина: AI го води твоето патување
Слетуваш на аеродромот Инчеон и времето ти е драгоцено. Па прашуваш:
„Кој е најбрзиот и најисплатлив начин да стигнам до хотелот со два куфера?“
За миг, Gemini ќе прикаже споредбени картички за експрес воз, автобуси и такси, со сите информации – цени, време на патување и број на трансфери, јасно прикажани.
Другата страна на градот: Разглед на Сеул
Првиот ден започнува во традиционалното село Букчон – совршено „здраво, Кореја“ сценарио за твојот влог. Триподот останал дома? Нема проблем. Постави го Galaxy Z Fold7 на некоја површина, вклучи FlexCam и автоматски ќе те држи во центарот на снимката со Auto Tracking, додека ја фаќа целата позадина со традиционалните куќи ханок.
А оние досадни луѓе што ти влегуваат во кадарот? Повеќе не се проблем. Galaxy AI Photo Assist го разбира целиот амбиент и со Suggest Erases автоматски ги открива и отстранува со еден тап – без да ти треба пост-продукција. Со Side-by-Side Editing, веднаш можеш да споредиш како изгледа пред и по уредувањето на расклопениот екран.
Следна станица: K-beauty рај. Рафтови и рафтови со производи, но етикетите се целосно на корејски. Без паника. Со Gemini Live, камерата ќе ги преведе состојките од хангул во живо, додека ти прикажува и емотикони за контекст – за да знаеш што точно купуваш. Сѐ уште не си сигурен? Прашај: „Препорачај нешто за чувствителна кожа.“
Gemini ќе ги спореди состојките и ќе ти предложи Топ 3 производи што најмногу ти одговараат. Купуваш како skincare професионалец, не како збунет турист.

Главен момент на бината: Крупен кадар на вашиот омилен член на бендот
Конечно доаѓа големиот ден. Лајтстикот е наполнет, телефонот целосно наполнет, а стадионот преполн. Иако си во последните редови, 200 MP камерата на Galaxy Fold7 сѐ уште успева да го фати во преден план твојот омилен член од бендот со кристално јасни детали.
Wider Selfie ја собира целата нова дружина во еден кадар – а во него се гледаат и момците на сцената. Кога арената ќе се затемни, надградената Nightography функција претвора море од светлечки стапови во остар, избалансиран запис што ќе го репродуцираш во круг по бисот.
Враќање: Уреди и надгради
Збогум Сеул, здраво монтажно студио на небото. Летот е совршено време за креативност. Со големиот екран на Galaxy Z Fold7, уредувањето на твојот патувачки влог е полесно од било кога. Користи ја надградената Audio Eraser функција за да го замолчиш шумот од публиката, а вокалот на твојот омилен член од бендот да заблеска.
Режим за одмор активиран со Galaxy Z Fold7
Galaxy Z Fold7 не е само уште еден гаџет за патување – тој е твојата заднинска пропусница, стилист, преведувач, мапа и монтажен студио што се движи со твојот креаторски мозок. Веќе не сме во ерата на паметните телефони. Добредојде во ерата на AI-сопатниците. Заборави ги бескрајните пребарувања – само зборувај. Активирај го телефонот, и половина од патувањето веќе е средено. Затоа, живеј го својот најдобар авантуристички живот. Galaxy Z Fold7 ти го чува грбот – од полетување до слетување.

За компанијата Samsung Electronics Co. Ltd.
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината преку идеи и технологии што носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизорите, дигиталното огласување, паметните телефони, носливите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство и мрежните системи, како и на мемориските решенија, LSI системите и чиповите по нарачка. Samsung исто така ги унапредува технологиите за медицинска дијагностика, HVAC решенијата и роботиката, како и иновативните решенија во автомобилската и аудио индустријата преку компанијата Harman. Со SmartThings екосистемот, отворената соработка со партнери и интеграцијата на вештачката интелигенција во својата понуда, Samsung нуди интелигентно, поврзано и беспрекорно корисничко искуство. За најнови вести посетете ја Samsung Newsroom: https://www.samsung.com/mk/.